Во тие сериозни кругови сигурно се наоѓа новинарската легенда Сејмор Херш (1937), виталниот истражувачки самурај кој иако се овенча со Пулицерова награда уште во 1970 година (за обелоденување на масакр во Виетнамската војна и обидот САД тоа да го прикријат), деновиве повторно жестоко ја раздрма сцената со авторитетната приказна за тоа како САД го имаат уништено Северен тек.
* Згодна екранизирана верзија на таа сторија имате овде.
Два момента од еден негов разговор со Расел Бренд на таа актуелна тема.
После објавување на сторијата за саботажата на Северен тек:
Ми пишува еден стар пријател кој избега од Блискиот исток, стана нафташ, се наполни пари и сега во Франција живее среќно, и ми вика: „Си станал мајстор за деконструкција на очигледното.“ Но, што па беше толку тешко за оваа сторија? Знаеме дека Русија го нема тоа направено оти, ако сакаше таа да стори нешто против Нордстрим, ќе требаше само да го заврти вентилот. А што го знаеш, може Македонија, членка на НАТО го има направено тоа?
За проширувањето на НАТО:
Во документите се имаме согласено со Горбачов, тоа не беше договор но беше разбирање, дека на исток нема да отидеме ни сантиметар. И што имаме сега? НАТО своевремено имаше 19 членки, сега има колку, 170? Со Македонија и слични...
**************