Најсилниот Македонец на светот, австралискиот ММА борец чиј татко е од битолско Беранци, Александар Волкановски (Волк, Александар Македонски, Хулк) го запознава светот со македонската кујна. Прави полнети пиперки, плус салата, плус димени колбаси (кои братучед му симпатично ги завика кабаноси). Сосема зналачки ги спреми бабурите па некаде на крај рокнаа и една јака, свадбарска.