Чујте вие каков бисер може да крие една автомеханичарска работилница во Скопје. Благодарејќи на добронамерни пријатели кои имаат стари коли ама очувани сетила за слух, имаме чест да ви претставиме еден боговски глас од под хауба. Ристо Мерцедес, дуќанот му е кај Дрводекор ама затоа гласот му е до небо!