Тетово, ко да не се десило

Изглеа ептен залудно људи гинеја у борбете или остануеја инвалиди, залудно други се испоразбољуеја или отидоја од собран стрес манифестиран преку инфаркти, удари или шеќери. Лафов ми је, јебеш држава која у лов на таја толку посакуена „среќна“ иднина, си га множи со нула историјата, дури и онаја најблиската, од пред само 20-тина године.

Бошко Видоески, на 14 март 2023:

На денешен ден пред 22 године започна војната у еден од најголемите градој у Македонија, Тетово. Ниедна од телевизијеве со национална концесија не зуцна денеска ништо по тој повод, на ниедни вести. Попрајте ме ако грешим.

И да се разберемо, не зуцнуаа године уназад, не је ова од сега. Колективно државно ќутење, ка намерно да се работи на тоа масовно да се забрее датумот на кој у Тетово почна војна која на многу људи им ги смени животите од корен. Настрана настаните долж границата со Косово, и настаните од Танушевци и Теарце кои претходеа на тој 14 март, али лично ценим дека војната доби нова димензија тек у Тетово, со ширењето на тија настани у една од најголемите градски средине у Македонија - на која озбилно ѝ се закануеше класична граѓанска војна - за која немам дилеме дека ќе се префрлеше и у други мешани средине.

И дур траеја тија настани - објавуеја свите. Од ка заврши, свите са на подрум. Ка да не се десило. Ка да је договорено да се трае. До толку је небитно? До толку је банално? До толку се проценуе дека не је атрактивен материјал за објава на вести обична информација дека денеска почнало, двеминутна репортажа, сведоштво, изјава нечива, било што што би го одбележило датумов?

И да, овде беше војна. Не го виткајте зборот у фини обланде од типот на „конфликт“ или „бунт“, поготово ако не сте биле овде дур се пукаше.

УЧК-те са од 2002 на власт, тоа ни је јасно, жара и паља одамна овде, ама неразбирлива ми је непочитта и рамнодушноста од страна на македонските медиуми - од страна на Македонците - со молкот за ова.

Изглеа ептен залудно људи гинеја у борбете или остануеја инвалиди, залудно други се испоразбољуеја или отидоја од собран стрес манифестиран преку инфаркти, удари или шеќери.

За што? За денеска освен можда мие тетовчани по фејсбуци, никој друг ни да бекне. Само мие ка будале се потсеќамо уз муабет или пишуемо за тој 14 март, у 2001.

Пардон, дел од нас. Другиот дел од моиве сограѓани свекако ги има зафатено хронично куроболие за све, па и за датумов. Докурца им је свекако. Од таквите не ни очекуем да га сфата историската тежина на датумов.

Датумот пред кој недеље уназад људи алармирале дека горе на Кале нешто се дешава, ама не биле сфаќани озбилно. Тија што биле у појака позиција за да бида сфатени озбилно, биле искулирани од тија над нив, поруката било дека јбг, „требало“ да се трае.

Нејсе. Лафов ми је, јебеш држава која у лов на таја толку посакуена „среќна“ иднина, си га множи со нула историјата, дури и онаја најблиската, од пред само 20-тина године.

Државата не може правилно да га одбележи и сочува од заборав 2001 година, не може достојно да ги испочитуе загинатите бранители и згрижи останатите, а мие па душеве очекуемо заштита на подалечната историја, на АСНОМ, на илинденскиот период, итн. Пу.

Нејќем да претпоставим како ќе се толкуе војната од 2001 за едно 40-50 године од сега.

Али ај, да не ги реметим кревките етнички чувства на моите сограѓани кои аплаудираја и навијаја у моментите дур почнуеше „конфликтот“.

Дел не останаја само на тоа.

*******

Приказната за горната фотографија на Ѓорѓи Личовски - овде

19 март 2023 - 11:18