Разно

За статистиката, под хауба

Мој апел е е сите што немате прележано ковид да се вакцинирате.Не затоа што Филипче така рекол, или затоа што така полесно се патува, или за да ве пуштат на свадби, или за да нè заштитите тие што сме вакцинирани, туку за да си ги намалите шансите да бидете хоспитализирани и да спасите живот на некој што ќе заврши во болница од сосема трета работа и нема да има кревет за него пошто вие му го фаќате неговиот.

Орото продолжува...

Повторно се решени да жртвуваат 1.000-2.000 животи, само за да се продолжи со свадбите, кафеаните и ноќните клубови. Секој е со својата памет, ама ако после сé што видовме сé некој мисли дека ова е некаква играчка, тогаш нека му биде.

Тито за Бугарите

Со онаква импресивна анти-фашистичка биографија, Тито немаше потреба да релативизира и и да гали ничии заблуди за својата историска величина и праведност. „“Окупатори не можат никого да ослободуваат“, ќе им порача од Скопје, во 1975 година. Половина век подоцна, во Македонија ќе се појави извесен трговец- накупец кој на бугарска телевизија ќе се фали дека наредил да се брусат споменичните написи за бугарскиот окупатор. 

Слобода

Секој ден врви сѐ побрзо и побрзо, сѐ помалку се среќавате со оние кои ви значат, а и кога ќе се сретнете, средбата ја поминувате во страв, паника и небулозни теми за кои реално врска немате, бидејќи и тоа е поентата, да не се зборува за чувства, љубов и слично, ами само за страв и бројки, затварање и застрашување.

Наумче, Македонија из а бич

Да ја спомнат Македонија без Северна им е смртен грев. Се поправаат едни со други (Заев со Анѓушев), го повторуваат тоа северна со дервишка упорност (*), не признаваат кога ќе утнат (**), просто, прават будали од себе. А фројдовски е разбирливо, да го утнеш баш она за она за кое најмногу се стегаш. Наумче Мојсовски, заслужи да те фрлиме на Грците.    

Дарјан и Луиз

Возам еднаш накај Преспа и тука некаде после бензинската Лукоил кај Битола гледам девојка стопира. Ај секако бев сам, викам ќе застанам. Здраво здраво до каде, вика до Дупени. Ја па на другава страна од езерото ама ај до Макази па ќе видиме од таму што како. Ок, влага, тргаме.

Не е само Струмица со кружен тек

И Кочани има кружен тек. Ако струмичкиот е уникатен по исчашеноста, кочанскиов е неповторлив по функционалноста, односно минимализмот на обележеноста. Доаѓаш до него и еден единствен знак ти вика да тераш - лево.

Бидете фер, не е само фрижидер

Главно чешање јазик деновиве е фасцинантната вест дека македонскиот полициски синдикат „предал на користење„ и „пуштил во употреба“ (за повеќе  џандарски изрази види ја статијата „Македонски полицајци со потенцијал за Пулицер“), настан од кој би можело да се направи нов видео спот за песната „Мој је живот Швицарска“. Но, не е само тоа. А ѓезвињата за единицата за службени кучиња, а микробрановата во Старавина? Ама затоа од протести, полицајќи ќе им се враќаат со дупнати глави.

Реплика на денот

За оние ДОМ човек ќе чуе нешто само ако треснат некоја зелена (затоа ли се сметаат за зелена партија?). Лидерката им, вика дека струјата треба да биде скапа, за луѓето да не ја трошат многу (Марија Антоанета би рекла: Нека јадат свеќи). Ина Многуфина ja куражи дека па и не мора на тоа да се застане.

Жално, жална Македонијо

Шилегов штотуку додели 750.000 евра на ''' невладина'' да посаделе 5-6 дрвца на кровот на Мавровка. За тие пари може да се купат 80 и со зборови ОСУМДЕСЕТ дачија дастер.

Офф.нет го пријавува Офф.нет за лажна вест

Што па да чекаме Цивил да нè пријави со уште некоја неписмено срочена поплака?  Ко да не можеме ние сами да укажеме на нашата опасност и закана.

Хрватска опклада за македонски пари

Дечкото ѝ ја дава на малата својата кредитна картичка да троши колку сака, доколку успее да скине македонска банконота од 10 денари. „Македонците се кралеви,“ вика тој додека девојчето безуспешно се обидува да ја скине банкнотата. Не сме ние кралеви друже, само што малку ни се парите, уште па да се кинат.

Една идеја, еден живот

Топла препорака за читање на „Една идеја, еден живот“ од Георги Сотиров Дукимов, чија посмртница ја објавивме деновиве (види „Како во Пиринска се испраќа Македонец“). Не е тоа нашиот омилен жанр и тема (ние повеќе сме патриоти од нужда, јер страшно се накотија квинслиншки говна) но не можете да останете рамнодушни на таа негова посветеност, љубов и истрајност во борбата да не згасне македонскиот жар во соседна Бугарија.

Каузалноста на сообраќајната безбедност

Лето е период на годишни одмори. Годишните одмори значат зголемена фреквенција на патиштата. Зголемената фреквенција на патиштата значи зголемена опасност од сообраќајни несреќи. Затоа...

Пазете го царов

Ботови, апорт. Не мислиме на Апасиев туку на дечкото позади него. Педантно си се намести за сликање (оти со маска е врло битно како ќе испаднеш), се селфоса, ја прати негде сликата и после - си го урниса апаратот. Ти не си ти кога немаш што да правиш.

Кој ќе им го преведе Рацин на Бугарите?

Писмо на Кочо Рацин до неговиот брат Александар, напишано на 10-ти септември 1936 година, десетина години пред Тито да нè измисли а ние да измислиме јазик. Будали едни, ние не смисливме како шахти да нивелираме, не па цел јазик да измислуваме. Туку, погледнете каков убав македонски дијалект е тоа велешкиот.

Делта сојот пристигна, опушти се и уживај

Во таа комисија немаат ни професор вирусолог, ни професор епидемиолог или имунолог, ни професор математичар ни експерт за процесирање сигнали (од специјалноста на академик Коцарев), немаат ни воен доктор, бидејќи во војни најмногу се случуваат избувнувања на епидемии, а тие најдобро ги знаат мерките. Па што имаат тогаш? Имаат 13 директори на болниците. Што ќе им кажат тие, дека имаат доволно слободни болнички кревети?

Не се курчи коа не знаеш право

Ми вика слободен си.

Му викам јас сум, ама ти не си.

Ќе немате раат од Кузмани

За Ангелко од Лабуништа и неговиот литерарен херој Кузман, стариот кој е спремен за тепачка ако некој почнува да го напнува дека е Бугарин или Србин.

Моќна лекција за вредноста на брендот

За просветлување на џганот кој веруваше дека е небитно тоа што на Грција ќе ѝ го отстапиме ексклузивното право да го користи брендот Македонија, сцена од филмот The Founder кога Мајкл Китон на партнерите им остава сè но им го зема името. Тој стана МекДоналдс, овие останаа безимени плескавичари.

Мелем на денот: Дејан и Кико

Дејан и Кико се билкари кои имаат катаљарда рецепти а почнуваат и завршуваат со песна. Нормално, ништо од тоа нема да пробаме. На пример, за некој микс за третман на црн дроб ви требаат лист од артичока (уот?), димарка (уот?), руса (уот?), глуварче (ок) и грчко семе (не, фала). Ама затоа питомоста со која зборуваат и посветеноста на Дејан и Кико се вистинска детоксикација од вишокот вести, политика и други ежедневни отрови. Дозата е саат време, проверено.   

Бизнисот оди како подмачкан

Чисто за да не се секирате, бизнисите со марихуана, за кои поделија лиценци на одбрани фирми (наместо поштено да ја легализираат таа земјоделска дејност и социјалдемократски да го дистрибуираат приходот на широк слој луѓе) им одaт одлично. Ние ќе јадеме увезени патлиџани, тие ќе извезуваат масло од канабис во Велика Британија.

Нашиот Том Џонс се вика Семи Џонс

Како што репрезентативен натпревар започнува со македонската химна, имаме песна со која во иднина треба да започнува секое славење роденден на син во дијаспората.