Разно

Ковидот сепак не ни згреши до толку

Сања Цинцева и нејзиниот креативен тим решија да се фатат за орото на пандемијата и низ песна да ги простудираат сите аспекти на сложената релација меѓу ковидот и сексот. Молете Бога некој ден да не нè задеси пандемија на дијареа, тек тоа ќе биде песна за чудење.

Мечки над Побожје

Чисто да знаете, ако решите да пешачите, да возите точак или да терате пикник во тој крај. Снимано деновиве, во седум наутро, над Побожје.

Интервју на денот: Никола Карев

Пред точно 118 години, во грчкиот весник „Акрополис“ е објавено интервју со Никола Карев, подоцнежниот несуден „претседател на Крушевската Република“ за време на славното македонско Илинденско востание. Заради претпазливост пред тогашните турски османлиски власти интервјуто е направено во конспиративна атмосфера во еден хотел во Битола.

Од нас зависи каква есен ќе имаме

Доколку продолжиме со слабото темпо на вакцинирање (коешто веројатно дополнително ќе забави во текот на летните месеци, како и поради опуштањето на населението по завршувањето на пролетниот бран), есенски бран е многу веројатен.

Скопје во многу чекори

Хајперлапс е техника на креирање подвижни кадри од статични фотографии, фаќани на кратко растојание. Наш дечко вели дека комплетирал неколку десетици илјади фотографии за да го врзе ова хајперлапс видео за Скопје. 

Убавина од еден збор: Македонија

Дечко и девојка минуваат два снежни месеца по Македонија и од тоа произлегува еден од најубавите визуелни прикази на нашата земја кои ги имате видено.

Мајка да јаде...

Прасечко, го викаат бајадера. Прасе цицалче, без коски, наредено па исечено на коцки за секое парче месо да има и месо, и мрсно и крцкава кожичка - мртва уста да го јаде.

Сексуално образование кај Бранко Коцкица

Во денешно време, Бранко Коцкица за ова би попил серија тужби, што од родители, што од невладини. Од вториве затоа што наметнува стереотипи за жената и нејзиниот изглед  а од родителите дека на нивните мили и хиперсензитивни дечиња неодговорно им ги препорачал високо алергенските кикирики.

Идам, идам, сакам да бидам - Пивар

Ова треба да го изгледате макар само за да го видите Свето Пивара на млади години. Мислиш во секој момент ќе изговори „нот грејт, нот терибл“, согласно тој шармантен дизајн на 80-тите години кој го има и овде и во серијата за Чернобил.

Леле бе каков лажов е тоа

Зоран Заев: Инвестираме во нови извори на електрична енергија за да ја зајакнеме домашната продукција на струја и да не дојде до поскапување на струјата. Зоран Заев: Инвестициите во нови извори коштаат пари. Сакате зелена енергија? Ќе поскапува и цената на струјата.
 

Гањо ја спушти камерата

Малку е да се каже дека замина последниот Мохиканец. Гањо беше тотем на Мохиканците.

Градоначалничка на Арачиново и љубител на ученичка

Нека биде ова мало охрабрување до Миликије Халими да продолжи да работи на себе и на своето образовно усовршување во кое имаат учествувано и силни амбасади, усаиди и големи војводства. Оти, уште бааги работа има тука. „Откако ја отворивме аптеката во селото Арачиново, и јас успеав неколку години, сè до мојот политички ангажман,“ стои на нејзината официјална биографија на сајтот на општината.

Македонски од 17-от век

Од книгата на Хиеронимус Мегистер од 1603 година, во која има цитати од Библијата на неколку јазици, меѓу кои и на македонски. Не дека е тоа нашиот денешен македонски јазик, ама па како оние комшиски пицајзли не разбираат дека и сме биле башка и дека ќе останеме башка?

3 X 35 = 105 тајмс ли ќе се лажеме дека сме на прагот?

Настрана неговиот трти- прти англиски, пазете колку всушност му е јасно дека никогаш нема да влеземе таму и колку му е битно само да добиеме некаков датум, за да има тој со што да излегува на избори.

„Одозгора на тога“ и други заевизми

Начучулте ги ушите, ништо од следново не е кажано закукулено, замумулено. Знаете ли дека „го пробивме звучниот ѕид на сите времиња“? И дека „иднината веќе не ни е судбина“? ЦИА ма, што сме ти згрешиле?!

Да го научиме на еден збор кој почнува на О

Ако треба да бараме заеднички точки, тогаш да почнеме од еден збор кој одамна го споделуваме и го има и во двата јазика. Само што искуството поврзано со тој збор ни е заедничко колку што силувањето е заеднички секс кој го споделиле силувачот и силуваниот.

Што мислите, кој ќе си ја одработи домашната за Гоце?

Одговорете си сами, ние само да ви покажеме што на 4 мај 2021 година имаше на сајтот на бугарското министерство за надворешни работи, а што на сајтот на нашето МНР.

Изгубен народ во пропадната држава

И така, ден по ден, изгубени и дефокусирани талкаме како гуски во магла поради невозможноста да ја согледаме суштината на работите - без разлика дали се работи за епидемиски мерки, набавка на вакцини или образовни реформи. Ниту некоја политичка партија има да понуди нешто корисно, ниту пак ако понуди - населението ќе го препознае тоа.

Расчистување со криминал и корупција во земја каде Павлина Црвенковска е претседател на Судскиот совет?

Власта во Велика Британија отвори случај за премиерот Борис Џонсон, кој се сомничи за потрошени 200.000 фунти од неговата Конзервативна партија за реновирање на неговиот стан во Лондон, а власта во Македонија молчи за случаи како овој со Павлина Црвенковска со 7 пати поголема финансиска тежина, со нејзиното едногласно именување за претседател на Судскиот совет, највисокиот орган којшто ја контролира судската власт во земјата.

Цуцуловски: Не заборавај

Повеќепати (во пишана или усна форма) сум го кажал своето мислење за двата последователни чина од 27 април 2017 година, после кои едни, непочитувајќи ја легислативата, станаа власт, додека другите (од претходните) беа пратени/осудени на робија.

Прашање за (преку) милион долари

Дали брачен другар на сопственик на фирма со невратен 1,6 милиони евра долг од ограбената Еуростандард банка може да биде член на Судски совет?

Тргна културата во Струмица, џабе јадевте бабури

Наспроти бунењето на струмичките актери и петицијата на преку 250 уметници од цела земја, прв човек на струмичкиот центар за култура бидна професор по физичко. На плодовите на тоа визионерско решение на требаше долго да се чека.

Како да ја упропастиш сопствената држава

Тотално неписмено, разочарувачки и разорно по институциите на системот кои барем се обидуваат некако да си ја вршат сопствената работа. Вака се упропастува држава.