А. ден Долард e псевдоним за холандскиот писател Корнелис Јоханес Георг Спулстра Помладиот. За нас е битен, бидејќи по случајни околности како "под казна" е пратен да биде дописник од Македонија. А, Македонија како Македонија, тотално го обземала и се вљубил во нашата земја.
Тој е еден од силните мостови зошто Охрид до ден денешен е многу посетен од Холандските туристи.
Охриѓанецот Мишо Јузмески е македонски новинар/истржувач кој целосно се има посветено во истражувањето на животот и работата на А. ден Долард. Има напишано неколку книги за него, и сè уште во Охрид постои спомен-соба на А.де Долард која се наоѓа во стариот дел од градот, како и споменик подигнат во чест на Долард.
(извор)