Трилинг од Караџа

Го отворија 70 г. затвореното македонско прашање. Ги повампирија старите балкански шовинизми. Ги разбрануваа духовите од минатото. Ги воскреснаа демоните на раздорот меѓу луѓето. Го соголеа до кожа работниот човек. Ја прождраа државата. Му го откинаа суверенитетот на граѓанинот.

Овој анонимен поддржувач на Предлогот и Протоколот има најсимптоматична формулација која не само што ги епитомизира бездарноста и скудоумниот капацитет на власта, туку ја расветлува и пазарџиската суштината на нивниот морално оштетен "мисловен" процес при водењето јавни политики:

Имено, ај што логички е 2-ро одделенска лажна аналогија, ај што "купуваш" кола без кочници, воздушни перничиња и со волан шо се врти само на една страна, туку, суштински, можете да го видите нивниот резон и однос кон државата и народот.

Резон кој е крајно комерцијален, бостанџиски, ситно-трговски, пазарџиски, стоково-фетишистички и лукративен без нималку политички или дипломатски супстрат, а не па достоинство или одговорност пред времето, проблемот и премрежјата.

Караџа Бошко

 

13 јули 2022 - 13:43