Во кино доаѓа:

Снежана на крајот умира

Социјална драма во амбалажа на комедија на апсурд, која се занимава со тоа колку е ужасно тешко да се остане чесен и верен на своите принципи во морално корумпирана средина. Филмот е составен од 3 испреплетени приказни за 3 групи луѓе, една мува, едно прасе, една клозетска шолја и еден град, чии патишта се допираат и влијаат еден на друг.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Верица Недеска, Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Давид Јанакиев и Тино Костадиновски.

Филмот е македонско-кипарска ко-продукција меѓу продукциските куќи Вертиго Висуал (МКД) и Карета Филмс (КИП). Сценарист и режисер на филмот е Кристијан Ристески, продуцент е Дарко Попов, кинематографери се Димо Попов и Севдије Кастрати, монтажер Горан Вуќиќ, композитори Александар Пејовски и Ставрос Макрис.

Светска премиера филмот имаше Сламденс“, Оскар-квалифицирачки фестивал на дебитантски филмови со буџет до милион долари, чие мото е „од филмаџии за филмаџии“.

Оваа година селекцијата на филмовите е извршена од преку 8.100 пријавени филмови.

На овој фестивал своите светски премиери ги имале режисерските дебија на Кристофер Нолан („Tenet”, „Dunkirk“, „Inception“), Бонг Џун Хо („Parasite“, „Okja“, „Memoirs of a Murder“), Шон Бејкер („Red Rocket“, „The Florida Project“, „Tangerine“), браќата Русо („Авенџерс“, „Капетан Америка“)…

Скопската премиера ќе биде на 3-ти октомври, а домашната кино дистрибуција ќе започне на 06-ти октомври.

18 септември 2022 - 12:25