Ќе заврши ли еден ден крстот и на Топ шоп („Ако се јавите во следните 30 минути, добивате и два темјана гратис“)?
Лицитација на крст во Радовиш (спојлер: 95.000 денари):
Лицитација на крст во Србија (спојлер: поскромно):
Бонус:
Резултати од „Богојавленска црковна лотарија храм св. Јоаким Осоговски Јакимово“.
Има неодоливи награди чие добивање гарантирано всадува чувство дека човек навистина е во божја милост: комарник, ренде, маскирно одело, долен веш, „суќна“, саксија, табуретка.....
Но, ако педантно и богобојажливо се загледате во овие оригинални манастирски списи, ќе наидете на убедливо најгенијалната награда:
„Моторцангли и топлинки”!!!
Кој ли тоа просветлен монашки ум, после колкудневно тихување, дошол до идеја дека во пакет треба да се стават моторцангли и топлинки???
п.с. Во име на нашата православна широчина и толерантност, ја дозволуваме опцијата за најпосакувана награда да ја прогласите наградата под реден број 157.