Неколку поенти на Атанасов од интервјуто за бугарски Еуроњуз:
* Ако во уставот бидат впишани оние неколку илјади Бугари кои така се изјаснија на последниот попис, полза од таа институционална власт ќе имаат единствено десетина луѓе, Бугари од Македонија, кои се длабоко поврзани со една партиска централа во Бугарија, онаа чие седиште е на Пиротска 5 (ВМРО на Каракачанов и Џамбаски).
* Само Македонија ли има потреба да ги менува учебниците по историја? Ние ги примаме нашите тврдења како зададеност, затоа што сме родени и воспитувани со нив. Ако погледнеме подлабоко, еден дел од бугарската приказна за Македонија се потпира на ненаучни стандарди. Тој е поврзан со една пропаганда од 19-от и првата половина од 20-век, според која Македонија треба да биде распарчена меѓу неколку балкански држави, при што Бугарија се гледаше како главна во тоа. Одамна помина тоа време.
* Работата се згреши со формирање на заедничката историска комисија која беше дадена исто на концесија на „Пиротска 5.“ Во неа едно од главните лица е заменик претседател на бугарското ВМРО. Како може да очекуваме таа комисија да работи непристрасно кога едно од лицата е партиски пропагандист?
* За жал, не можам да ви зборувам „колку се лоши Македонците“. Многу ми се сака мојата страна во оваа ситуација да е невина, но, не е. Ние овде не си ја имаме завршено нашата работа.
Задолжително видео: