Една убава поука од муабетот а се однесува на упорното повикување на денешните потомци на Вапцаров кои се чувствуваат како Бугари па значи и тој бил исто.
„Кога фактите говорат, роднините да молчат“, ќе каже водителот на емисијата.
За жал, таа поука не допира до некои овдешни, државно ухлебени персони кои ќе употребат сè што може за да докажат дека 'некако ние сме кабаетлии' како би можела јавноста да биде подготвена за уште поголема субмисивност и понижувања.
„Кога фактите говорат, директори во МЕПСО да молчат“.
Се разбира, на „кафеавите сахиби“ не им е првпат да нè убедуваат дека сме кабаетлии.