Разно

Втор шут! Во 92-ра!

Покоен Ел Риситас (бог нека му дава вечна насмевка) одамна не ни прозвучил така искрено ведро. Дечко го склопил легендарното видео на тема резилот кој им го приредивме на Италијанците и многу е пасент.  „Каква црна рака бе, рацете на Донарума не му работат!“

Приказни од дивиот исток на северната вукојебина

Урнебесно забавна е оваа земја, само да имаш нерви да ја поднесеш. ТВ прилог за штипскиот градоначалник кој со полиција принудил во збег крадци на дрва. Нормално, народ сега ќе се раскара дали така треба или е безвезе толку помпезно да се гони сиромаштија. Ама па, овој народ и за Тома се раскара. 

Алберт, извини

Се извинуваме што не знаеме кога овие две фирми, тесно поврзани со Алберт Муслиу, ќе го вратат вкупниот долг од речиси 800 илјади евра во Еуростандард банка во стечај и за истиот ќе платат и законска казнена камата за изминатите година и половина од кога Еуростандард банка е затворена.

Според Стево, Русите ни го переа мозокот да си го зачуваме името

Го следев интервјуто на Пендаровски. Стево, ко Стево - малку е претседател, малку е американски ученик, малку е као професор по меѓународни односи. Малку адвокат и другар на Фрчкоски, за кој кажа дека иако ја тепал жена му, сепак тоа не завршило со кривична пријава, па не се важи.

Ние ќе сме ја оправале Украина

Една кратка снимка од Тетово, снимена пред десетина дена. По фасадите уште стојат шрапнели од 2001-ва година. Јадна Украина ако чека од нас, идиоти кои и сами не можат да се оправат од својата војна, еве 20 и кусур години.

Како толку го огрубевме мајчиниот јазик?

Слушнете ги Горан и Унко (и други) во 1980 година. Не тоа што го зборуваат туку како тоа звучи и како меко паѓаат тие акценти: попитомо, поблаго и поубаво од денес. Ајде да е дел од некоја тогашна ТВ серија или филм, ќе си речеш, ова е артифициелен изговор, можеби така замислувале дека треба да звучи македонскиот. Не, ова е од нормален разговор. Луѓе, вака сме зборувале! Денес уште малку па ќе лаеме!

70 години пред Тито да нè измисли

Делови од една дописка објавена во бугарскиот весник „Право“ на 1 март (стар стил), 1871 г., чии редактори биле Бугарите Христо Стојанов и Иван Најденов. Покрај одвратните навреди и омаловажувања кон Македонците, сепак има признание и потврда за сведоштвото изнесено од страна на Петко Славејков во неговата статија за посебноста на Македонците од Бугарите.

Дечко на денот

„Не е сè на Гугл, има нешто и во бабите,“ вели младиот, 20 годишен Дамјан Ристовски од Трубарево, Скопје, колекционер и изработувач на народни носии. Патува по селата за да собере народни носии, песни, приказни... Најстарите меѓу носиите, вели, датираат од 1910-та година. Меѓу оригиналите има и негови парчиња кои сам ги ткае на разбој.

Средба со полначите на буџетот

- Ама чекај бе господине, за шо 300 евра казна?
- Па возиш 92.
- А колку треба? го прашувам.
- 80 -  ми вика.
- А каде има знак за 80?
- Знак нема, тоа е член од законот и ти треба да го знаeш.

Едно видео, две домашни задачи

Читател од Америка ни прати видео од средното школо во кое учи и син му (Дакота Хај-скул, Мичиген) кое таму се завртело по медиуми заради благородноста на соучениците на едно момче со Даунов синдром. Да учат и гостиварци и сите други како се прифаќаат дечиња со аномалии а богами и како се почитува државна химна.

Моќна руска верзија на Калеш Анѓа

Кога ја слушаш Калеш Анѓа, ти доаѓа убаво поради тој прочуен непокор. Кога слушаш руска верзија на Калеш Анѓа, не ти доаѓа само тоа. Ти доаѓа фронтално да тргнеш на беговите и нивните сараји со кои ден-денес ја лажат нашата Анѓа.

PNG (Илија) - ΗΧΟΧΡΩΜΑ (Звучна боја)

Дечкото е рапер од Грција, од Егејска Македонија, од Костурско. Многу сугестивно и искрено зборува за македонските маки и истории. „Моето место се запусти затоа што фрлија напалм, предците - црни птици одеднаш исчезнаа, прогони и планини, соништата илузии, сè за слобода, откако другите победија 
и им ја напишаа историјата.“

Послушајте патриоти, преспанци и нобеловци

Сведоштво на Македонец кој во грчка војска бил учен да ги мрази Македонците. „На мајка ми и татко ми им беше страв да ми кажат кои сме. Кога се вратив дома и почнав да пејам песни за грчки херои, им падна многу тешко... после дознав кој сум и кои сме.“

Со блескањето се претера

Тоа што струјата е скапа и што ќе нема парно, не е проблем струјомерот да врти ко расипан таксиметар. Гraдскиот трговски центар секогаш бил галантен околу електричната енергија.

Чуму ѝ е на Европа една размакедончена Македонија?

Македонизмот и Македонија не се ретроградни феномени. Напротив, македонизмот е еманципаторска и обединувачка идеја. Македонија не може и не смее да прифати цената за добивање датум за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија да биде разнебитување на историски заокружениот легитимен процес на конституирање на македонската нација и нејзиното размакедончување.

Македонската „Don't Look Up“

Нетфликс го има „Don't Look Up“ со Kаприо и Лоренс, Тумба фест ја има „Ќе одиш на блок“ со Атанаска Иванова, стокмена во црвено -златна комбинација. Двете дела се сатира и пародизирање на модерниот начин на живот, само што, нашево е каде-каде подражесно.  Прецизно дијагностицирање, прашања на место (дали има некое машко живо нормално?) и разумни одговори (сè идиоти). Атанаска, Жижеку наш!

Лиде Лиде, прекини прекини

Новогодишна а јако тужна песна на најпознатата сталкерка од Македонија чиј предмет на обожување во меѓувреме беше стоково разменет од прекупецот ЗЗ. Ај што Лиде Лиде нема гајле гајле да пее вакви песни песни (а тоа го прави како истовремено да јаде тост), ама тој што ги пишувал овие „трето б“ стихови, е тој е правиот злосторник. Џака, спиеш ли мирно?