Во ова време на русофобија нема да сакаат да видат како една земја им заминува од контрола.
Што се однесува до ЕУ - па ние секако нема никогаш да влеземе таму под достоинствени услови. Барем ќе се спасиме од национално обесчестување, обезличување и исчезнување.
Туку, најдобро е да се завртиме кон себе, да престанеме да се лажеме самите себеси и да се фатиме за работа, учење, почитување на законите.
Без тоа, никаква ЕУ или НАТО не можат да ни помогнат.
проф. Дејан Трајковски