Да споделиме песна на една вечна рап тема: љубовта кон фабриката во која работиш. Се вика„КроШу фамилија“ при што „КроШу“ е Кромберг и Шуберт. Ја изведува Николче Наумовски - Кишни (фер би било да се скрати во „НиНа“). Рапува на македонски и англиски, текстот е јако фамилијарен а видеото содржи и металец кој цепа соло. Ви текнува на легендарната за Охридска Банка/Сосиете Женерал? Е.