„Еколог“ е помоќен од нашето државно судство, а ова спојување го докажа тоа. Тоа што го бараше „Еуромакс Ресурси“ со години назад исто како и што 12-те пресуди на Управен суд и Виш управен суд го бараа, што досега никој не се дрзна да има даде, сега монтираниот премиер Таче им дозволи да ги спојат концесиите, но секако со посредство на ДУИ, откако Назиф Дестани вложи милиони евра за 25% од акциите во „Еуромакс Ресурси“! Затоа ли пред неколку месеци се сретнале фамилиите Дестани и Заев? По која средба, тешко корумпираното судство донесе одлуки спротивни на сите претходни, а за прв пат Владата не се жалеше, туку си ги прифати без збор!!!
За она што гласно говореа дека нема да се случи, сепак еве, на очи на целата македонска јавност – се случува! После сите скриени тајни и јавни ветувања, правниот ефект е ова денес што читате во службен весник!
Приказната е едноставна: Во големата битка за предавството и убиството на Струмичката котлина и сè живо во неа, искористувајќи ја партиската и државна позиција, постојано се плетат високи политичари (поединци со моќ, неразбрани трговци!) од двете најголеми политички партии (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ), но сега им се придружи и трета (ДУИ)– силно жедна за профит за сметка на здравјето и животот на сите жители на Струмичката котлина и пошироко!
Таква подмолност може да има само во војна!
Како и да е, со ова денес, конечно е завршено со кредибилитетот на оваа Влада во Југоисточна Македонија, а особено во Струмица!
Во поглед на ВМРО ДПМНЕ, коишто тогашните партиски елити ги донесоа рудниците и платија политичка цена во 2016 и годините понатаму, останува отворено прашање за сегашните се изјаснат: Дали ќе ја следат старата лажна мантра дека рудниците ќе донесат профит и нема да загадуваат или конечно ќе тргнат во поход за спас на Струмичката Котлина, а со тоа и на Македонија?! Исто така, општинските Совети се првата кочница за ваквиот смртоносен бран. Затоа советниците да си го стават прстот на главата и да се запрашаат дали треба да калкулираат и понатаму или цврсто и решено да кажат НЕ на рак раната во нашето родно гнездо!
Сите луѓе, здруженија, организации, институции и на помалите политички партии на кои им е важно ова прашање за живот или смрт, ги повикуваме да се активираат и на секој начин да влијаат каде и да можат да се сопре ова грозоморно дело за сите нас! Само здружни ќе победиме! За вакво сценарио на смрт преку проклетите рудници, време е за пад на корумпираните политички елити каде на секое ниво цвета корупција и криминал во врвовите на структурите на партииите кои како канцер си ја присвојуваат и државата, а всушност се марионети на рударските корпорацискии и не мислат ништо друго освен за личен интерес!
Во очите на Струмица и струмичко, актуелните политички елити на власт сте резил и државен непријател, па така и ќе се однесуваме со вас! Политичките елити и судството се канцерот на Македонија и време е да направиме рез!
Истовремено најавуваме дека народот активно ќе се мобилизира и ќе се самоорганизираме да делуваме на секаков можен начин! Никогаш нема да дозволиме никаков рудник никому!
И ние имаме чизми на таван! Многу чизми што многу време не се извадени... Време е за народна буна!
РУДНИК НЕМА ДА ИМА!!!
РАЗБИРАТЕ ЛИ?!!