По вчерашниот ден човек се чувствува тотално (морално) поразено:
Дете убива деца.
За други деца на интернет тој станува херој/осветник.
Возрасните бегаат од одговорност, бараат “крв” од дете. Врескаат за монструми кои се раѓале. Да им дадете власт , сега гилотина ќе ставеа во центарот на Белград.
Политичарите ронат крокодилски солзи и фураат кривичен популизам. Да ја задоволат јавноста и исполнат “правдата” ветуваат прогон и санкции и за деца од 12 години.
Ние отапени од сите видови насилство и отуѓеност, па сега сме вџашени, а децата и натаму препуштени на своето сфаќање на правдата и добрината. Суровоста кај нив расте од мали нозе.
Како родител и баба сум очајна. Пред некоја година помлада колешка ми кажуваше колку е страшна околината во која учи нејзиното синче. Некако мислев дека претерува… но, сега кога ќе се соберат сите делови од мозаикот, сето ова личи на кошмар.
Болно општество/болни општества. Без морална вертикала, без систем на вредности, без компас. Повеќе се секираме за политичките битанги отколку што гледаме каде ни растат децата.
Нека почиваат во мир, но ние не смееме да го заборавиме овој немир. Но, без крвожедност!