Разно

Колозова не им го дава Ванчо Михајлов на Бугарите

Од сите ликови и херои по кои посега Бугарија, таа решила да не го дава - Ванчо Михајлов. Не Гоце, Карев или кој и да е, туку баш Ванчо, Бугаринот кој соработуваше со фашисти и тврдеше дека не постои македонски народ. Вика, со Ванчо се лизнала Захариева, се лизнал Петков.... сите се лизнале, само таа не се лизнала. Колозова, да ни останеш ти нелизната уште долго време!

Слободата треба да се заслужи

  1. А вие партии, кај сте вие пилиња?! Кај е СДСМ денеска? Пола партија во Атина на конгрес на Сириза. Кај е ВМРО?! Прави еко акции и срамежливо нешто објаснува... ниту едно соопштение денеска за овој скандал, а секој ден не труете со минимум 20 пинг понг празни изјави. Колку ви е длабоко ставена главата во песок?!

Обвинителски КП дом

„Да се воздржиш од несоодветни написи на Фејсбук!“, започнува ова превоспитување на еден непослушен македонски обвинител, искажано со глас кој потсетува на гласот на шефицата на битолското вишо обвинителство. Педагошката лекција завршува со поука за предвремено губење на косата. Ќе ги тераат ли и да клечат на кршени ореви?

Анти-напнат виртуоз од Охрид

Дечкото не само што непогрешливо ги следи U2 на синтизајзер, туку и - сигурен во својата изведба - има доволно одважност да прошета по дома, да отвори тетратка, да пушти телевизор, притоа не пропуштајќи ни една нота од песната. Кога те бива, сè се стигнува. 

Португалците во бункер

Истиот дечко кој нè почасти со клипот со Ел Риситас, се заиграл па ја драматизирал и прочуената сцена од филмот „Der Untergang“. Хитлер (Роналдо)  дознава дека Италијанците се аут и дека Македонците се тргнати на него. „Не плачи Георгина, може Адеми ќе му попушта на маж ти!“ ја тешат уцвилената службеничка. Друже Никола, генијално!

Втор шут! Во 92-ра!

Покоен Ел Риситас (бог нека му дава вечна насмевка) одамна не ни прозвучил така искрено ведро. Дечко го склопил легендарното видео на тема резилот кој им го приредивме на Италијанците и многу е пасент.  „Каква црна рака бе, рацете на Донарума не му работат!“

Приказни од дивиот исток на северната вукојебина

Урнебесно забавна е оваа земја, само да имаш нерви да ја поднесеш. ТВ прилог за штипскиот градоначалник кој со полиција принудил во збег крадци на дрва. Нормално, народ сега ќе се раскара дали така треба или е безвезе толку помпезно да се гони сиромаштија. Ама па, овој народ и за Тома се раскара. 

Алберт, извини

Се извинуваме што не знаеме кога овие две фирми, тесно поврзани со Алберт Муслиу, ќе го вратат вкупниот долг од речиси 800 илјади евра во Еуростандард банка во стечај и за истиот ќе платат и законска казнена камата за изминатите година и половина од кога Еуростандард банка е затворена.

Според Стево, Русите ни го переа мозокот да си го зачуваме името

Го следев интервјуто на Пендаровски. Стево, ко Стево - малку е претседател, малку е американски ученик, малку е као професор по меѓународни односи. Малку адвокат и другар на Фрчкоски, за кој кажа дека иако ја тепал жена му, сепак тоа не завршило со кривична пријава, па не се важи.

Ние ќе сме ја оправале Украина

Една кратка снимка од Тетово, снимена пред десетина дена. По фасадите уште стојат шрапнели од 2001-ва година. Јадна Украина ако чека од нас, идиоти кои и сами не можат да се оправат од својата војна, еве 20 и кусур години.

Како толку го огрубевме мајчиниот јазик?

Слушнете ги Горан и Унко (и други) во 1980 година. Не тоа што го зборуваат туку како тоа звучи и како меко паѓаат тие акценти: попитомо, поблаго и поубаво од денес. Ајде да е дел од некоја тогашна ТВ серија или филм, ќе си речеш, ова е артифициелен изговор, можеби така замислувале дека треба да звучи македонскиот. Не, ова е од нормален разговор. Луѓе, вака сме зборувале! Денес уште малку па ќе лаеме!

70 години пред Тито да нè измисли

Делови од една дописка објавена во бугарскиот весник „Право“ на 1 март (стар стил), 1871 г., чии редактори биле Бугарите Христо Стојанов и Иван Најденов. Покрај одвратните навреди и омаловажувања кон Македонците, сепак има признание и потврда за сведоштвото изнесено од страна на Петко Славејков во неговата статија за посебноста на Македонците од Бугарите.

Дечко на денот

„Не е сè на Гугл, има нешто и во бабите,“ вели младиот, 20 годишен Дамјан Ристовски од Трубарево, Скопје, колекционер и изработувач на народни носии. Патува по селата за да собере народни носии, песни, приказни... Најстарите меѓу носиите, вели, датираат од 1910-та година. Меѓу оригиналите има и негови парчиња кои сам ги ткае на разбој.

Средба со полначите на буџетот

- Ама чекај бе господине, за шо 300 евра казна?
- Па возиш 92.
- А колку треба? го прашувам.
- 80 -  ми вика.
- А каде има знак за 80?
- Знак нема, тоа е член од законот и ти треба да го знаeш.

Едно видео, две домашни задачи

Читател од Америка ни прати видео од средното школо во кое учи и син му (Дакота Хај-скул, Мичиген) кое таму се завртело по медиуми заради благородноста на соучениците на едно момче со Даунов синдром. Да учат и гостиварци и сите други како се прифаќаат дечиња со аномалии а богами и како се почитува државна химна.

Моќна руска верзија на Калеш Анѓа

Кога ја слушаш Калеш Анѓа, ти доаѓа убаво поради тој прочуен непокор. Кога слушаш руска верзија на Калеш Анѓа, не ти доаѓа само тоа. Ти доаѓа фронтално да тргнеш на беговите и нивните сараји со кои ден-денес ја лажат нашата Анѓа.

PNG (Илија) - ΗΧΟΧΡΩΜΑ (Звучна боја)

Дечкото е рапер од Грција, од Егејска Македонија, од Костурско. Многу сугестивно и искрено зборува за македонските маки и истории. „Моето место се запусти затоа што фрлија напалм, предците - црни птици одеднаш исчезнаа, прогони и планини, соништата илузии, сè за слобода, откако другите победија 
и им ја напишаа историјата.“