Разно

Трилинг од Караџа

Го отворија 70 г. затвореното македонско прашање. Ги повампирија старите балкански шовинизми. Ги разбрануваа духовите од минатото. Ги воскреснаа демоните на раздорот меѓу луѓето. Го соголеа до кожа работниот човек. Ја прождраа државата. Му го откинаа суверенитетот на граѓанинот.

Има зошто го кријат протоколот

Еве го протоколот што го кријат. Целиот е насочен кон обврски што ги презема само Македонија. Ако се потпише, луѓе ќе бидат гонети во Македонија по списоци изготвени во Бугарија. Ќе се променат таблите на Охридската тврдина за Цар Самуил, и има рокови до кога мора да се променат македонските учебници.

Слободно нека се види дека сте едно скалило над нас

Читам по нетов дека голем дел од социјалдемократите не се согласувале со француско-бугарската рамка. И тие сакале да протестираат, ама не сакале со Левица, ВМРО и небањатиот народ. Не им се допаѓала и иконографијата.

Фрчко е со народот!

Може има водоводџии па се мафта со нив (во Њујорк да не ти влезе водоводџија дома) ама кај и да е, човекот треба да се очекува да застане во првите редови на актуелните протести против мизерното коленичење пред Бугарија. Слушнете ги овие негови златни, вонвременски зборови.

Просто е нереално со што се занимаваме

Од утрово, а не па од дедо и прадедо, да се идентификувам со одредена нација, никој нема право да ми ревидира припадност, јазик, држава и историја.

За процедурите и размазеното обвинителство

Кога судот конечно ќе се одважи и ќе тресне со раката на маса дека ова повеќе нема да го толерира? Кога јавно и директно ќе го погледне обвинителството во очи и ќе му рече: Вака не може, вака не се работи! Одете сработите како што треба, па дојдете пак со докази!

Средба со уфрлените

Токму тоа го сакаат, да ескалира ситуација за да можат да ни пуштат топови, пендреци и да тргнат на нас. Но не ми паѓајте драги мои, 50.000 нè има секој ден, 50.000 искрени граѓани кои плачат на химната од болка, без политички партии, без политички позадини да донесеме некого на власт туку да падне актуелната која планира да го прифати францускиот предлог и да нè осакати за век и веков.

Владата почна да го храни народот

Нарачајте храна во Влада, бадијала е. Фотељашите имаат кафе за само 6 денари, тост за 40 денари а рамстек за 180 денари. Примаат нарачки, само со испораката треба некако да се снајдете. Најдобро е ако сте им во близина, одма тука пред нив, секој ден. Телефонот е 02 3118-022 (локал: бифе). Слободно кажете, зборено е со шефот.  

Првото доаѓање на администраторите

Сцена од епизодата „Кукавицата кука Хитлер да испука“ од драгоцената ТВ серија „Досие Скопје“. Имате што се сонувало во бугарскиот парламент, имате снимки од нивното курчење овде, имате живи сведоци на тоа време, што сакате бе повеќе? Ако некој е спремен Стево, Колозова и слични организми да го преебат уште еднаш како кога ни го сменија името, тогаш заслужил до крајот на животот да одживува реприза.

Предлог за името

Апасиев го нарекол Пендаровски "вошка". Пендаровски вели дека не му се допаѓа тоа. Апасиев одбива да се извини и продолжува да го нарекувa "вошка". Како објективен човек сакам да дадам предлог.

Македонскиот дел од пеколот

Задолжителна филмска лектира за фашисти, колаборационисти и обикновени предавнички педерасти. Сцена од филмот „Македонскиот дел од пеколот“ од 1971 година (сценарио Славко Јаневски, режија Ватрослав Мимица), со брилијантниот Павле Вујисиќ. Реплики кои би требало да бидат дел од официјалните дипломатски дописи до Софија.  

Собрани недела на Стево

Нема потреба да се навредува Стево. Тој човек не може да биде навреден колку што тој нас нè има навредено. Од името кое им го дадовме на Грците, до презимето (татковото име) кое Стево е подготвен да им го даде на Бугарите. Човекот не е вошка, човекот е Стево.

Не дозволувајте сето ова да исчезне

За постарите од 45 години: Никогаш нема да доживеете Македонија да стане членка на ЕУ. ќе се расправате со роднини/ пријатели/ комшии во следните +30 години за тоа дали треба уште нешто да се попушти во преговорите... За помладите: Не дозволувајте да ви ги крадат паритe, а во замена да ви кажуваат приказни за тоа како ќе биде добро кога ќе бидете во ЕУ.

Фашизмот не е само Холокаустот

Kој праќал Евреи во Треблинка е едно прашање, но фашизмот не е само холокаустот. 20.000 мртви даде оваа земја за слобода!

Реакција на реакцијата (ЕДИТ: плус контра реакција)

Прашањето е: што штитиме, кого го штитиме и тој што го штитиме - од кого го штитиме. Одговорот го дава М-р. Здравко, кој што ни објаснува зошто е тоа така, аргументира зошто така мора да биде, сè друго е нерегуларно и да не навлегуваме во политички одлуки пошто има кој е задолжен за тоа. И дека всушност, живееме во најдобриот од сите можни светови.

Професорите треба да добијат зголемување од 200%

Додека професорите се ценкаат околу 15% или 18% зголемување на платите, малкумина сфаќаат дека реалното зголемување треба да изнесува - ни помалку ни повеќе туку - 200%. До овој процент ќе дојдеме преку споредба на платите на професорите и судиите. Да одиме со ред.

Реакција на „Правилник за крадење струја“

Вообичаено не реагирам на различни натписи, но поради стручноста на темата и начинот на кој е напишана во текстот „Правилник за крадење струја“ од колегата Ивица Гегоски, би сакал да го дадам мојот инженерски осврт на проблематиката, не навлегувајќи во начинот на презентирање на проблематиката и мотивите, ниту на политичката заднина на донесување на Правилникот.

Правилник за крадење струја

Намерата на текстов е да ги изложи плетканиците на видело, да предизвика реакција кај луѓето, стручната јавност и потенцијалните инвеститори и да седнеме на маса да се најде некое чаре, каде што, инженерски речено, мојот киловат е еднаков на вашиот киловат. Ова вака на ништо не личи.

Сите наши петкаши

Индикативни резултати од приемен испит во една скопска гимназија. Во „Орце Николов“ во Скопје се одржа квалификациски испит за упис во прва година затоа што имало пријавени 50-тина кандидати повеќе од слободните места, а сите биле со континуиран одличен успех од 6. до 9. одделение.

Музика за фајронт

Апологетите пробуваат да нè убедат дека ова се добри договори а изродите на власт се спремни да потпишат и потпишуваат. Етноцид. За "наше добро". Во 21 век.

ЕУ ќе притиска кајшто е најтенко и нема отпор - а тоа сме ние

Македонската дипломатија молчи и чека како јагне за колење пред Велигден или Бајрам. На најсилно се пуштени познатите релативизатори од типот на екперти, уредници, новинари, ботови, сеачи на магла, дежурни бранители на ликот и делото на СДСМ и ДУИ.

Пратеник, како гладно тоа звучи!

Таа напред што зборува бадијала ќе ја слушате. И на забавено да пуштите, нема да разберете ништо. Но, главната дешавка и онака се случува позади, во втор план. Пазете го ликот кој претседава со собраниската комисија. Лагано наведнување, враќање во првобитна позиција со полна уста, џвакање кое пробува да изгледа дискретно. Бутај брату, немој шеќер да ми ти паднал!

Германија

Не е сè така розово ни кога си во дијаспора. Дури и кога си сигурен дека ги имаш сите потребни елементи да пратиш видео за да им правиш лиги на другарите кои останале дома. Еден коментар вика: "Целиот живот им помина пред очи." Баш.

Скопје во очите на странски турист

Како што нам во странство ни паѓа во очи колку е чисто и средено, бидејќи тоа ни фали дома, така странци забележуваат колку е ова овде лудо и нелогично, бидејќи па тоа им фали ним дома. И да, им се свиѓа.