Овде никогаш нема да стане досадно

Химна за бурекот, by Благица Павловска

Раскошната Благица им ода за бурекот (некогаш именуван како бурече), но не како генерички производ туку како конкретен бурек на мајстор Зоки во Престон, Мелбурн. Буречето го продава Вале. Една од строфите има тематска дигресија па нè известува дека таму се пече и прасе (некогаш именувано како прасенце). Хеј, ако можеше Влатко Стефановски да ги опева мекиците на Стража, што па не би можела Благица да го воршипа бурекот на мајстор Зоки? 

**********

Песната е генијална и допрва ќе ја пееме. Сепак, во нашата интимна плеј листа, останува само секонд бест, после легендарната „Железар да бидам“. Кој бре посакува да биде факинг железар? Ајде Јордане, викни ја:

 

10 февруари 2024 - 13:50