„Види колку сум глуп“

Се зачитавме една тема „Дали сте забележале дека Реддит е анти-Македонија?“. Освен оние блесави коментари „цел интернет е против Македонија“ (аха, нема друга работа) како и оние поразумни кои викаат дека форумите главно и служат да се биде „анти“, издвоивме еден општо корисен кој потсетува дека да се расправаш на интернет со идиоти е како да играш шах со гулаб. Зошто?

Секогаш кога онлајн ќе кажам дека сум роден во Македонија, добивам една од овие две реакции:

Горан Пандев,
или,
Александар Македонски е Грк!

Тие што го спомнуваат Пандев се кул. Оние што тврдат дека Александар е Грк мислат дека се некои хардкор убер тролови. Смешно што тие всушност викаат: „види колку сум глуп“. Грчките извори од прва рака од тој период буквално велат дека Македонците не се Грци, дека тие се варварски соседи, а не рода. Херодот беше критикуван затоа што се осмели да каже дека Александар има аргеадско потекло.

Само еден куп идиоти на интернет кои мислат дека се „напнати“. Што, зарем тие мислат дека по стотици години под Османлиската имерија, тиа останел директни потомци на Грците од антиката? Бугарите? Дојдени од степите и асимилирани на Балканот со другите веќе присутни словенски култури. Балканот беше и е многу нестабилно место. Македонецот ја поседуваше цела Грција и Тракија/модерна Бугарија. Римјаните и источниот Рим/Византијците ја држеле земјата со векови. Србите имаа своја 'империја' која одеше дури на југ до Грција. Бугарите имале свое кралство и поседуваа многу од Балканот. Не може да се заборават ниту Турците кои го имаа целото купче стотици години.

Уморен сум од идиоти кои се обидуваат да кажат дека се нешто друго освен производ на 1.000 години на различни култури и народи. Тоа е само идиотски национализам од корумпирани политичари кои очајно сакаат да народот да застане зад нив. Затоа е најдобро да не се занимавате со тие идиоти на интернет.

Тоа би било како да се обидувате да играте шах против гулаб. Можете да играте според правилата колку што сакате, гулабот едноставно ќе ги собори сите фигури, ќе се посере на таблата и ќе одлета. Бесмислено е и да се пробува бидејќи никој нема да победи.

Да, има многу луѓе на интернет кои имаат некоја многу чудна омраза кон Македонија. Сепак, мило ми е, бидејќи тие во основа гласно објавуваат „Јас сум глупав“, што значи дека не треба да губам ни секунда да ми е гајле што имаат да кажат.

Yuji_Ide_Best

20 декември 2023 - 12:29