Некому лежарина, некому мрежарина

Замислете Телеком да ви наплаќа пристап до одредена базна станица, за да може да ви ги испорача услугите кои потоа ви ги наплаќа?? Или Макпетрол „да се сети“ да стави рампа на бензинска пумпа и да ви наплаќа 3 евра пристап до пумпата за да наточите гориво?

Неколку цртици во врска со предложената новововедена ТАКСА ЗА ПРИСТАП КОН МРЕЖА од страна на ЕВН, со која ЕВН мисли да прибере помеѓу 2.5 и 3.5 милиони евра годишно од потрошувачите.

1. За да пристапите кон мрежа, вие треба да си го купите мерниот уред – струјомерот и да добиете енергетска согласност. Ова чини пари. Дали мислите дека ако ја платите таксата за пристап ЕВН ќе се обврзе да ви донесе струја на било која локација, таман да е на врв планина?

2. ЕВН веќе наплаќа т.н. мрежарина според фиксна цена за потрошен КВчас. Како ќе ја наплаќа мрежарината ако немате пристап кон мрежа? Од кога тоа има две давачки за иста работа?

3. ЕВН ја има купено електро енергетската мрежа на Македонија за определена сума пари. Тоа беше нелогична и непазарна одлука на една од претходните владејачки СДСМ структури. Кој сега ѝ го дозволува правото на истата компанија да практикува неоколонијализам?

4. Замислете ЕВН да е телекомуникациски оператор. По истата логика, дали се согласувате на пр. Телеком да ви наплаќа пристап до одредена базна станица, за да може да ви ги испорача услугите кои потоа ви ги наплаќа??

5. ЕВН е во бизнис со енергетика, а во истиот бизнис е и Макпетрол. Замислете Макпетрол „да се сети“ да стави рампа на бензинска пумпа и да ви наплаќа 3 евра пристап до пумпата за да наточите гориво?

6. Општо, сите компании продаваат нешто и им е потребен пристап до нивно продажно место за да го обезбедите производот или услугата. А ако му текне на Жито Лукс да воведе давачка за пристап кон било кое нивно продажно место за леб?

7. Нормално, горниве примери се бесмислени, затоа што другиве компании работат на пазар во услови на конкуренција. Она што го издвојува ЕВН е позицијата на монопол што е позиција дадена од господ за измислување на непостоечки давачки и молзење на граѓаните и бизнисот со такси.

8. Позиција на монопол е невозможно да се обезбеди без цврста политичка поддршка. Било која владејачка структура се брани од монополска позиција на која било приватна компанија во корист на граѓаните. Во обратен случај, станува збор за квислиншка номенклатура и велепредавство.

9. Монопол или картелско здружување е забрането не со закон, туку со устав на републиката. Дури и кога станува збор за т.н. природни монополи, има јасно определени правила и ограничувања на експлоатација од страна на заинтересирани страни.

10. Според горе наведеново, ова е последниот клинец во ковчегот на онаа ненародна и подивена владејачка номенклатура. Она што ни претстои понатаму е да се избориме ова зло никогаш веќе да не нѝ се повтори.

@rnixn

****************
Марко Бислимовски:
Не верувајте на разни инфлуенсери.

****************

Бонус: КРАДАТ СТРУЈА ЗА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО, СИТЕ ЈА ПЛАЌАМЕ и никој ништо не им може

13 декември 2023 - 11:04