Коста Бургов е еден, календари можат да бидат и два

Лани пишавме: „Малку работи на овој хаотичен свет се стабилни и предвидливи. Гравитацијата, Халелевата комета, фактот дека сè посрање и посрање ни станува Македонија и календарот на Коста Бургов“. Овојпат ќе пишеме само дека за 2024 добиваме дупла доза од добриот човек Коста. Едниот календар е јуниор варијанта, јер кое девојче не би сакало да има свое локално Барбиче со ликот на Коста Бургов на нејзиниот фустан?

Вториот календар е за стандарден Бургов дизајн, за возрасни и зрели љубители на уметноста, со проверени адути како Памела Андерсон, Лепа Брена, Лепа Лана...

2024-та, можеш да почнеш, ние спремни.

п.с. За оние кои ќе сакаат да ги отпечатат календарите и со нив да ги украсат своите животни и работни простории, еве ги календарите во поголема резолуција.

Јуниор варијантата - овде, адулт верзијата - овде

3 декември 2023 - 11:22