Никој не е изненаден од околноста дека обвинителката (која е нели, странка на постапката!) ги знаела пресудите за „27-ми април“ пред судијката јавно да ги изрече.
Никој не се изненади ни кога таа судијка стана судија и претседател на Уставниот суд, а начинот на кој го спроведе судењето се предава на универзитети ширум светот како пример за кршење на правото на одбрана.
Никому не му е чудно што обвинител кој на дневна основа лиферувал информации до Боки 13 за обвинителски предмети напредувал до обвинител во Републичкото Обвинителство, откако претходно под закрила на Началникот стигнал до одделението за организиран криминал.
Напредувањето во кариерата било очекувано бидејќи луѓе кажуваат дека го виделе како се гушка со тогаш новиот премиер. Место на гушкање: охридски хотел за чии диво изградени делови пак, друга обвинителка ќе го заташка предметот и ќе биде наградена со напредување во кариерата. Очекувано!
Дури не се прекине синџирот на негување на правосудни функционери кои се слуги на сите господари, нема што да зборуваме за реформи во правосудството!
Правдата треба да се врати во рацете на праведните!