Види и:
Време е за подобри Македонци од нас
Срам да го фати човека што е Македонец од Македонија кога ќе му текне колку често знаеме во сопствена држава да бидеме снеможени, а го слуша Стојко Стојков од ОМО Илинден. Скромен човек, во една сиромашка кујна, но со чиста мисла за својот идентитет и со здрав инает да се остане Македонец наспроти она што Бугарија го прави со нив од Тодор Живков до денес. Пу јаз'к. За нас.
и
Дојде време Македонците од Бугарија да нè бранат
Владата на Р Бугарија треба да престане да се преправа дека македонско малцинство не постои. Нема зошто да им се заканувате на други држави; не го поставуваат тоа прашање тие, туку ние, граѓаните на Р Бугарија со македонско самосознание. Крајно време е бугарските демократи да го пуштат духот на Тодор Живков конечно да си замине.