No N-word Macedonia:

Веб-екстензија за бришење на Северна

Како еден од многуте Македонци кои никогаш нема да се помират со неправдата која ни беше сторена со промената на името на државата и кои ги боли секогаш кога ќе го чујат или прочитаат зборот на 'С' пред името на својата татковина, уште пред некоја година решив да направам една веб-екстензија која некако ќе го блокира тој збор, за барем на мојот десктоп екран да не го гледам.

Здраво Трендо,

Резултатот беше No N-word Macedonia, екстензија која ги шкрта или брише, по избор на корисникот, додавките пред Македонија, и на македонски и на англиски и на повеќе други јазици.

Екстензијата во прво време беше само за Firefox, кој нема толку
корисници, а за Chrome и сличните прелистувачи постоеше една друга екстензија, која неодамна забележав дека е тргната, па ја направив No N-word Macedonia достапна и на Chrome Web Store.

Знам дека многу од читателите на off.net исто се чувствуваат по ова
прашање како и јас и мислам дека на многумина ќе им биде од корист, па затоа решив да ви ја испратам.

Екстензијата е бесплатна и со отворен изворен код, не бара никакви
посебни дозволи и не собира никакви податоци.

Може да се симне за Chrome од:
https://chromewebstore.google.com/detail/knelpckmincpfebepebdkhmafmknbb…

За Firefox од:
https://addons.mozilla.org/en-US/firefox/addon/no-n-word-macedonia/

Кодот е достапен на:
https://github.com/Dimithrandir/nnm

Да се надеваме дека што поскоро ќе стане излишна.

Поздрав!

24 март 2024 - 14:34