Приказната завршува со преиначувањето на смртната казна за Томе Стојановски во доживотен затвор во Идризово, благодарејќи на неговиот адвокат Филота Фила (татко на Тома Фила од познатото влашко адвокатско семејство од Битола).
Но, во коментарите на Јутјуб има и други детали од луѓе кои го познавале или преку родинин или лично. Според нив, некаде на почетокот на 80-тите Томе бил пуштен од затвор заради рак на белите дробови и не му давале уште многу живот. Но, заминал да живее во едно струшко село, собирал лековити билки и целосно се опоравил од болеста. Сите го паметат како добар и чесен човек.