За двојазичноста

Судејќи по нејзиното соопштение во врска со новиот закон за јазици, македонската влада очигледно нема идеја за билингвализмот и мултилингвалноста во други земји. Соопштението нуди листа на држави со (наводно) два или повеќе службени јазици во кои „единството на државата не е загрозено“. Но, тоа е далеку од вистината. Да поминеме низ тие случаи, еден по еден.

Црна Гора: единствен официјален јазик е црногорскиот, а не четири. Српскиот, хрватскиот, бошњачкиот и албанскиот се во официјална употреба но не на исто ниво како службениот.

Малта: Англискиот е единствен службен јазик но тоа не е јазик на етничка заедница и неговата употреба ја загрозува иднината на Малтежаните.

Финска: Шведскиот е официјален заедно со финскиот но неговата употреба драстично се има редуцирано (на пример, веќе не се бара за упис на факултет)

Израел: Минатата година арапскиот јазик престана да биде официјален и во државата остана само еден службен јазик. Тоа беше направено по проценка на Израел дека арапскиот како официјален јазик „го загрозува унитарниот карактер на државата“

Косово: Српскиот е ко-официјален јазик но тоа е повеќе на симболично ниво отколку што е реалност.

Белорусија: Рускиот јазик речиси комплетно го има заменето белорускиот.

Кипар: Официјалната билингвалност на Република Кипар е чисто симболична бидејќи тешко таму да наидете на турски.

Ирска: Некогаш малцинскиот англиски јазик има станато доминантен и ја загрозува иднината на Ирците.

Казахстан: Тамошната влада планира казашкиот јазик да биде единствен службен јазик во земјата.

Интересно, Белгија, Канада, Швајцарија и Босна и Херцеговина, не се спомнати во соопштението на Владата.

Соопштението завршува со оправдување на законот како овозможување „услови за спроведување едно заедничко општество за сите граѓани“. Членките на ЕУ, Естонија и Латвија, истото тоа го наведуваат како оправдување што рускиот јазик НЕ е официјален, наспроти нивните бројни малцинства кои говорат руски.

Ник Насев
виа Твитер

18 јануари 2019 - 15:04