Последните години беше уредник на магазинот XXZ, претходно ги држеше Е-новине кои беа закопаа со разно-разни тужби и судски отштети за „душевни болки“ (медиумот го затвори со текстот: „Збогум, бубашваби“), пишуваше за сплитски Ферал Трибјун ( неповторливата рубрика „Перо са онога света“), за словенечка Младина, за Белградско Време, имаше генијални текстови и неповторливи рецензии во музичкиот магазин Џубокс....
Сараево го памети по неговата одважност да биде гласот на неговите жители додека беше бомбардиран од Пале, глас за казнување на злосторствата, за помирување и соработка на луѓето од бивша Југославија. Во 2010 година прогласен е за почесен граѓанин на Сараево.
Последните години, ако не и децении, Луковиќ се испокара со добар дел од соборците од темните воени денови и апсолутното владеење на Милошевиќ кои подоцна се угнездија во разни НВО-а за да штекаат пари на политички коректни каузи. Овој остана терсене и рокенрол.
Она со што тој човек се бореше во Србија може да се опише како борба на Давид и Голијат, борба против целиот систем и неговите демони. На неправдата и злото сите реагираме со објави на социјалните мрежи, но малкумина се лудаците кои, борејќи се, буквално ја носат главата в торба. Имаме неколку такви и во Хрватска и веројатно ќе бидат поценети од некои други генерации. Иако, ним не им е гајле за тоа. Тие се борат додека не изгорат. Луѓето како Перо, и овие неколку наши „лудаци“, тие се светлината и го имаат моето длабоко восхитување и почит. Кај мене тие имаат кредити за сто идни животи и тоа ништо не може да го расипе или промени.
Ти благодарам и збогум „Перо од другиот свет“.
Боба Ѓудерија
- За неговото поимање на новинарството, види: За новинарството од кое новинар го фаќа срам
- За неговите битки со ракот:
- Живот со карцином
- Песни кои го одржувале додека бил дома или на онкологија - Беше еден од најголемите зналци за музика. Види го неговиот фото-албум со кого сè се има дружено, или прочитај дел од книгата „Подобро минато“
- Како знаеше да биде накурчен, слушни во: Перо Луковиќ за жирафата на Палма или Никогаш не сум возел кола, ама сум казнет за брзо возење,
„Борбено, без дефетизам, со многу сила и воља - ROCK ON, FOREVER!“, се простува од својот урeдник редакцијата на XXZ.