Македонските институции и јазикот

Реакција:

Почитувани во врска со вашата замерка за Македонскиот јазик и институциите објавена во Македонштина на 10.03.2017 година

https://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/makedonskite-instituci-i-jazikot

Би сакале да Ви укажеме дека таков ЗО-1 образец не се користи во фондот за здравствено осигурување од 2011 година. Имено таков со печатна грешка никогаш не се користел но со измената во 2011, изменета е содржината и изгледа вака

http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/ZO-1%20Obrazec.pdf

Не е пријава/одјава туку и промена, а воедно нема жиро-сметка на фирма.

Секоја пробна серија на сите обрaсци кои се печатат(а се неисправни), а воедно и секоја хартија која не ја даваме на рециклирање, ја користиме во корпите во WCата во подрачните служби и централа, за осигурениците кога фрлаат искористена тоалет хартија, хигиенски влошки и сл., да не се валкаат корпите.

Така да искрено се восхитуваме на човекот кој брцнал во WC корпа, го извадил и пополнил, го сликал само да за ти го прати на тебе (ОФФНЕТ).

Прифаќаме добра зафрканција, но во случајов не е за нас.

Поздрав и голем почит,
Бранко Аџигогов, ФЗОМ

10 март 2017 - 11:00