Што кога ќе треба да водиме љубов со шкарт кинеска роба?
Уште од Машинка Лукиќ и Аполо 9, народниот а новокомпониран дух на овие простори не се задоволувал со идеализирање на руралното минато и традиционалните вредности и форми на живеење, туку повремено знаел да провири и во технолошки напредната иднина, честопати предупредувајќи на можни дистопични сценарија кои ќе афектираат битни аспекти од социјалната, економската па и сексуалната сфера. Токму таков, дами и господа, е овој футуристички увид на „Бишке и клонови.“