Сакам да јадам ама да не ми влезе

Бугарско селфи

Стамен и моќен говор на бугарскиот актер Захари Бахаров за контрадикторностите во кои е распнат нормалниот и обичен Бугарин (ако ќемо поштено, и за нас важи). Не ви го преведуваме зошто не сме сигурни дали баш 100% ќе бидеме точни во преводот (па да настане нов спор). Ама, и само 50% да го разберете Захаров, тоа е многу повеќе од она колку се разбираме со Бугарите во последно време.   

ЕДИТ: Читател ни нафрли превод (фала Александар):

Американците сакаат да ме поробат еднаш засекогаш. Русите сакаат да ме ослободуваат - постојано.
Еврогејците сакаат да ми го сменат полот. И да ми го земат детето.
Сакам детето да учи на Запад. Го мразам Западот.
Сакам да се спротивставам на неговата тиранија, но и да ми паднат визите.
Турците сакаат да ме вратат. Грците сакаат да не се враќам... следното лето.
Македонците не ја признаваат мојата историја - не ја признавам нивната земја. Нема значење, што јас бев првиот што им jа признав.
Сакам да излезам од нас и од Европската унија. Но, Македонците да не влегуваат!
Англичаните не сакаат да одам кај нив. Но, тие доаѓаат кај мене затоа што тука нема толку многу мерки.
Сакам да се преземат итни мерки за да нема повеќе мерки.
Сакам светот да знае дека ние го измисливме компјутерот, но нема да дозволиме да не претворат во компјутери.
Не сакам да стојам десно (на ескалаторите) во метрото и им викам: „Бегај на лево!“
Обединувањето ја прави силата, но секој одлучува за себе.
Сакам да се собереме - доста е од оваа поделба. Но, не сакам да собирам разделно (отпадоци). На крајот сето тоа оди на едно место, нели?
Во факултетот има место за големи идиоти. Во градинката нема место за мали деца.
Не ми се допаѓа како ми ги присвоjуваат средствата од фондовите, па ќе си го присвоjам балконот.
Ја упропастија оваа држава, но да живее Бугарија, бидејќи овде ништо не се случува, но ние сме број еден.
Каде и да свртам гледам фашизам - медицински фашизам, медиумски фашизам, либерален фашизам. Само во обичен, фашистички фашизам, не гледам ниту грам.
Јас сум Бугарин. Сакам... но не ја знам целата (песничка) до краj.
Бугарија е во моето срце, Левски и Ботев ми се на листот (мускулите).
Ги сакам преродбениците - но денешните повеќе. Затоа што тие некогаш се бореле да бидеме европска земја, а денешнате се борат да не сме. Напредок.
Јас сум христијанин. Не сум религиозен.
Нов пророк ми вели да пијам белило. Ја оштетува облеката, но помага на здравјето. И тоа не е баш белило, добро, само има малку белило таму.
А човекот не е баш пророк, работи како маjстор што китира. Но, што од ова - нели Исус бил и столар?
Исто така, „месија“ значи „помазаник“ - а китот доаѓа по гипсот (мазилката).
Значи, мојот човек е повеќе од месија. И јас сум над работите.
Не сум баш среќен, но сакам да бидам.
И можеби тоа е целата поента...

6 ноември 2023 - 09:56