
Ајде да поглаголиме за она длабоко вознемирувачкото во начинот на кој ги третираме нашите секојдневни темели. Повеќето од нас поминуваат низ животот како лоши изведувачи на туѓи проекти, плашејќи се да поместат барем еден носечки ѕид во сопствената рутина. Се држиме до познатото како пијан за шанк, верувајќи дека ако живееме по пропишаниот нацрт, некако магично, со помош на филмски трикови, ќе ја избегнеме статиката на досадата.
Но, вистинското градење не е само бетон и цигла, туку дрзнувањето да земеш нешто банално и од него да направиш споменик на сопствениот каприц. Кога зборуваме за градењето како процес, не зборуваме за физичкиот труд, туку за онаа суптилно-експлицитна ароганција дека можеш да го подобриш светот околу тебе. Секогаш започнува со материјалот - најобичните честички од кои е составен нашиот ден. Да градиш нов концепт од елементи кои ги познаваш до степен на презир е слично на градењето врска од остатоците на сопственото его. Потребна е визија за да видиш монумент таму каде што другите гледаат само купче на пазарска тезга.
Најголемата иронија на нашето постоење е што додека се обидуваме да изградиме кариера, дом или совршена слика за себе, ние всушност само вежбаме за финалниот проект: градењето на сопствениот интегритет. Тоа е макотрпно, честопати валкано и бара да ги извалкате рацете со материјали кои не секогаш се пријатни на допир. На крајот, останува само тоа чувство на супериорност кога ќе погледнете во делото на вашите раце и ќе сфатите дека, барем за момент, вие сте оној што ги влече конците. Дека не сте само набљудувач на распадот, туку инженер на новото. Градењето е антодот на минливоста. Затоа, градете со стил, дури и ако знаете дека утре некој друг ќе го реновира вашиот простор.
Намирници (Материјали):
- 2 модри патлиџани (вашите носечки столбови)
- 300 г ориз за рижото (фин грануларен филер)
- 1 главица црвен кромид (за емотивен интензитет)
- 100 мл бело суво вино (катализатор на процесот)
- Коцки ладен путер и пармезан (фин замаз)
- Зеленчуков бујон (неопходна влага)
- Маслиново масло, сол, бибер, оригано (ситни инвентарни детали)
Постапка (Реализација):
Прво ги подготвуваме лентите од модар патлиџан. Исечете ги надолжно и пропржете ги кратко во тава со малку масло додека не станат меки и спремни за обликување. Тргнете ги на страна.




Во истата тава, на малку масло, задушете го ситно сечканиот кромид. Кога ќе омекне, додадете го оризот и промешајте додека зрната не станат проѕирни на рабовите. Полејте го оризот со бело вино и мешајте додека не испари. Потоа, постепено додавајте го топлиот бујон, една по една лажица, мешајќи постојано додека оризот не ја впие течноста и не стане кремаст. Тргнете го рижотото од оган и вмешајте ги путерот и пармезанот. Зачинете по вкус.


На работна површина поставете фолија и врз неа наредете ги лентите патлиџан една до друга, малку преклопувајќи ги за да создадете цврста површина. Врз патлиџаните распоредете го рижотото и со помош на фолијата внимателно свиткајте го сето тоа во цврст ролат. Оставете го неколку минути да се стабилизира.




Во огноотпорен сад ставете го доматниот сос зачинет со оригано, па внимателно положете го ролатот внатре. Ставете го во рерна на 200°C околу 10-15 минути колку да се запече и да се соединат вкусовите.

ГП „Храна за возрасни“ ви пожелува вознемирувачки количини на добар апетит!
Кирил Стоименов - кранист