Без месо

Ќофтиња од тиквици

Вкусно јадење во сезоната на тиквици.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 3 тиквици
  • 2 јајца
  • 100 гр. фета сирење
  • 3-4 главици млад кромид (или праз)
  • магдонос
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 3 лажици брашно
  • сол и бибер
  • масло

Подготовка

Излупете ги тиквиците и изрендајте ги. Оставете ги околу 15-20 минути за да пуштат вода.

Изматете со вилушка 2 јајца, додадете ситно исецкан млад кромид, магдонос, лук, црвен пипер. Зачинете со бибер и малку сол. Потоа исцедете ги тиквиците од течноста и додадете ги во смесата со јајца. На крај додадете го фета сирењето и брашното и добро измешајте ја смесата.
Од смесата формирајте ќофтиња. Пржете ги во тава со загреано масло по неколку минути од секоја страна. По пржењето вадете ги на хартиена салфета за да се впие вишокот на масло.
Послужете ги веднаш.

29 јуни 2012 - 07:00