Како практично да ја примените вештачката интелигенција во време на природна простоќа? Социјалномрежастите ролетни се преплавени со AI експерти последниве неколку месеци. И сите нешто се расфрлаат со совети за како да станете милионери за пола саат. У реду е другари и другарки, одморете малце. Ако вие знаете како се печалат милиони со помош на AI, сигурно нема да вадите очи и да снимате видевца за Тик-Ток.
Вештачката интелигенција, особено чет-ботовите можат да бидат сериозни алатки и одличен асистент, доколку знаете мудро да ги искористите. Но нашиот плебс од Вардара па до Триглава се натпреваруваше кој ќе направи поолигофрена заебанција од типот “Кажи осам - на машки репродуктивен орган те носам“. Шо беше смешно првите три секунди и потоа премина во нов одвратен шаблон за некреативните онлајн шутови. Него остај тоа.
Висам така безидејно јас пред фрижидер пред месец дена, со отворена врата и телечи поглед. Зјапам по намирници пола саат, но џабе. Викам ок, ај ќе одам по FIFO (first in - first out) принцип како по професионалните кујни. Филтрирам намирници шо се пред истекување на рок.
На работната маса најдов јунешко, печурки, крема за готвење, зеленчук што почнал да покажува дамки на лушпата, пармезан, сенф на дното од една тегла и пола паковање кори за лазања. Комбинација - важи, нема проблем. Листам со затворени очи по списокот рецепти шо чувам у тајните фолдери на меморијата, но ништо. Викам ај ќе прогуглам, можда ќе искочи нешто. Уствари не, си велам, дај да прашаме Чет ЃПТ (Четата на Ѓорче Петров, скратено) да видиме шо ќе срочи. Влегувам насилно у сајбер-одаите на Опен АИ, не ни соблакам патики као прав неваспитан тинејџер од амерички филм, и ни пет ни шес му ги пишувам намирниците шо ми дремат на маса по грамажи. Му задавам промт како знае и умее да ми склопи рецепт. И види го ти него, ми вика вака: Говеџа палачинка со кремаст прелив и потпечено сирење. „Аааааајде бе викам“ - за момент цитирајќи го главниот јунак од легендарното видео: БЕХ САС КОЗИТЕ.
Инструкциите гласеа вака:
1. Во длабок сад запржуваме 400 грама јунечи бифтек среден на коцки, морков, кромид, пиперка и лук. Зачинуваме со сол и бибер. После 7-8 минути тушираме со 150 мл. бело вино. Додаваме уште литро и 200 врела вода, 2 говедски бујон коцки и 2 ловорови ливчиња. Динстаме час и половина до два. Кога динстањето е завршено, ја сепарираме останатата течност од месото и зеленчуците, а нив ги блендираме, како кога спремаме телешки кашички за бебињата.
2. Додека динстањето е во полн ек, на комшиската рингла во тенџере ги вариме корите за лазања. Комада шест. Следиме време по упатството.
3. Након тога, во истото тенџере пропржуваме 300 грама печурки. Може секакви: шампињони, вргањ, буковка, итн. Термички обработените печурки го пренесуваме во блендер, зачинуваме со сол, бибер, буковец и лук во прав и додаваме 250 мл. крема за готвење. Блендираме. Кремастиот сос е репетиран.
4. Блендираниот микс од месо и зеленчук го распоредуваме во ризлите за лазања. Завиткуваме и овие тестени пури ги поставуваме во огноотпорен сад. Врз нив ја нанесуваме перчуркастата крема и финишираме со рендан пармезан. Во фурна на 200 степени, едно 20 минути.
5. За тоа време џусот од месотот со мешаме со 3-4 лажици мед и создаваме велемајсторски сос у два потега.
6. Ситно сецкаме магдонос. Палачинките ги сервираме во чинија, ги благословуваме со сосот и освежуваме со магдонос. Вештачка, вештачка, ама не да бива, страшно.
Ова искочи подобро од сите очекувања.
Исто така, ме испровоцира да испијам 6 темни белгиски од 10%. Скроз очекувано.
Кирил Стоименов - мамурлук менаџер