Разно

На стартот на пролетниот дел Лукоил во вистинска форма

Во третиот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Лукоил, Аптив и Матрикс.

Пехарот на Новак стигна во Белград, мајка му ја пееше „Пукни зоро“

Со оглед на тоа што го прави во кариерата, витрината со пехарите на Новак ќе мора да се прошири. Последниот едвај го собра внатре. Татко му мораше да импровизира.

Светски шампион работи како доставувач на храна за да собере пари за Параолимпијада

Има недостаток на екстремитети, оди со протетички нозе, но со помош на своето јуначко срце и победнички менталитет се движи напред (во животот), кој оваа година му носи нов голем предизвик.

Во премиерниот натпревар од пролетниот дел ЕВН подобри од Окта

Џонсон Мети ја декласираше Уника со 11:0, а победи во првиот ден од пролетната сезона остварија и екипите на и ЕВН и Македонски Телеком.

Кога го прашаа Коби да бира меѓу Надал, Ѓоковиќ и Федерер

Секој одговор му е на многу високо ниво, образложува до ситни детали како изгледа кога еден врвен спортист доаѓа до момент кога умот сака ама не и телото. Водителката го прашува кого би одбрал од Рафа, Новак и Роџер, а Коби вика: „Новак е мојот тип“.

Како помина Суперболот, најголемиот спортски настан во Америка

Овогодинешниот Супербол, 54. издание по ред, се играше на „Хард Рок“ стадионот во Мајами а титулата ја освои Канзас Сити Чифс кој во финалето со 31:20 го совлада Сан Франциско Фортинајнерс.

Ново шоу на Новак и италијанскиот новинар

Само што почна пресот после освојувањето на Австралија опен, Ѓоковиќ прво му даде шанса да постави прашање на Италијанецот со кој лани беше цепки на истово место, ама се молеа кој прво да го изговори славното: Not too bad.

Девојчето кое ѝ плетело плетенки на Курникова е сензационален победник на Австралија Опен

„Пред некое време никој не знаеше за мене, а сега телефонот не престанува да ми ѕвони“, вели новата шампионка на Австралија Опен која беше една од најанонимните тенисерки на овогодинешниот турнир.

Надал и Федерер гледаат видео од Надал и Федерер пред 10 години

Следниот петок во Кејптаун, Роџер Федерер и Рафа Надал ќе играат ревијален меч организиран од хуманитарниот фонд на Швајцарецот (The Match for Africa 6). Тој натпревар треба да биде најпосетен тениски меч во историјата - ќе се игра на стадион со капацитет од 55.000 гледачи а продадени се сите карти.

Ѓоковиќ и Јапонецот кој јаде 100 комада ќебапи

Јори Јошида е аматерски тенисер од Јапонија. Успеал да се најде со Новак и да помине дел од времето со него. Кратко и многу спонтано.

Мајсторски поен од лекцијата на Новак за Федерер

Новак Ѓоковиќ го суреди големиот ривал со 3:0 (7:6, 6:4, 6:3) во полуфиналето на Австралија опен за 2 часа и 18 минути, а првиот сет го доби во тај брејк откако губеше 4:1 и 5:2 во гемови. Немоќта на Роџер може најдобро да се забележи во овој потет на крајот од првиот сет кој беше најнеизвесен.

Емотивна изјава на Новак за Коби

Српскиот тениски ас го победи Милош Раониќ на Австралија опен, а потоа доби прашање за трагично загинатиот кошаркарскиот ас. Изјави дека се познавале 10 години, дека секогаш му бил тука за совет и поддршка и дека му бил пријател и ментор. На крај се расплака.

Неверојатниот Федерер спаси дури 7 меч топки и победи

Швајцарецот едвај се избори со 100-от играч на светот Тенис Сандгрен, Американец кој направи најголеми изненадувања на Австралија Опен годинава. Роџер победи со тешки маки со 3:2 во сетови (3:6, 6:2, 6:2, 6:7, 3:6) откако во 4-от сет спаси дури 7 меч топки на противникот, победи и се пласираше во полуфинале. Лудост.

15-годишното чудо од тенисерка ја елиминираше шампионката на Австралија Опен

Американката Коко Гоф лесно, со 6:3, 6:4 ја совлада актуелната шампионка и 4-та тенисерка на светот Наоми Осака. Коко има само 15 години а првпат учествува на Гренд Слемот во Мелбурн. Таа го воодушеви светот откако лани на Вимблдон ја урна Венус Вилијамс против која славеше победа и на овој Австралија Опен.

Надал со сета сила погоди девојче во глава, па џентлменски ѝ се извини

Најдобриот светски тенисер на мечот против Федерик Делбонис случајно погоди со топче едно девојче за време размената на удари, па пријде до неа и откако му кажа дека е добро, тој татковски ја бакна. „Искрено се преплашив за неа. Топчето одеше баш брзо и ја погоди во глава. Таа е суперхрабро девојче“.

Американската позната олимписка атлетичарка која кажа дека е невина

Лоло Џонс во емисијата Laugh Out Loud кај Кевин Харт, отворено зборуваше за нејзиното признание дека како посветена христијанка, својата драгоценост ја чува за бракот.

Серена Вилијамс испадна од Кинеска која не сака да слушне за западна кујна

Бидна првата голема сензација на Australian Open - Ван Цијанг ја елиминираше Серена Вилијамс со 2-1 по сетови 6:4, 6:7, 7:5.

Пак се јави овој од Австралија

Глупердата од тенисер кој повеќе е познат како глуперда отколку како тенисер, сакаше пак да се направи интересен и за чудо успеа да ја насмее публиката. Жртва му беше Надал. Ова можеби некако ќе му пројде за разлика од тоа со бананата, ама пак е глуп.

Јак прдеж го прекина прекина Мастерс финалето во снукер

Стјуарт Бингам го победи Али Картер со 10-8 во финалето на Мастерсот кое беше прекинато накратко поради прдење од публиката. Се испостави дека целиот трол го приредиле членови на YouTube каналот Trollstation.

Тајсон и Тупак биле како браќа, Шакур е убиен после меч на Мајк

Ден денес кога ќе му спомнат за најголемиот рапер на сите времиња, Железниот Мајк вели дека тоа му е голема болка и дека долго време чуствувал грижа на совест зошто да не боксувал вечерта, можеби ќе се избегнело убиството.

Океј е, знаеме дека си неарен

Да не сте се запрашале каде е и што прави Ник Кирјос, бидејќи го нема нешто во последно време. Епа на Австралија опен е, игра на свое тло и прави што му дојде на памет во моментот. Тенисерите како сувенир обично во публика фрлаат стегачи, а овој што стигне и најде на клупа.

Тајсон Фјури мастурбира 7 пати и пие по 8 литра вода на ден пред мечот на деценијата

На 22 февруари во Гранд Гарден Арената во Лас Вегас ќе боксуваат Деонтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, едни од најдобрите боксери на денешницата во тешка категорија. Овој вториов има многу зезнати припреми.

Победникот на втора шанса за милион е од Крива Паланка!

Тикетот го уплатил во октомври за 20 денари, со 20 меча, од кои промашил само еден тип, а имал вкупна квота од 19.562. Да го погодил и 20-тиот меч, ќе добиел 547 602 денара. Но, благодарение на Втора шанса на Sport Life тој доби речиси двојно повеќе.

Што форсирате со тенисов штом не се дише?

На Австралија и пресметаа дека периодов загадува повеќе од 100 држави заедно, но и покрај страшната и алармантна ситуација на многу делови на континентот, Австралија Опен си тера по протокол.