Надал со сета сила погоди девојче во глава, па џентлменски ѝ се извини

Најдобриот светски тенисер на мечот против Федерик Делбонис случајно погоди со топче едно девојче за време размената на удари, па пријде до неа и откако му кажа дека е добро, тој татковски ја бакна. „Искрено се преплашив за неа. Топчето одеше баш брзо и ја погоди во глава. Таа е суперхрабро девојче“.

Рафа сега го чека меч од третата рунда на АО 2020 против сонародникот Карењо Буста.

24 јануари 2020 - 13:37