Разно

Се бара украдената кацига на Нико Розберг

Возачот на Мерцедес е во потргата по својата кацига која непознат лопов ја украл од гаражата каде е сместен неговиот болид.

Комплетирано првото коло од Бизнис лигата

На последните натпревари од првото коло на Бизнис лигата, Лукоил ја победи екипата на SISTINA, ЈСП го растури Оилко, а Montenegro и АМСМ ги поделија бодовите.

Вицешампионот не дозволи изненадување

На вториот ден од одигрувањето на натпреварите од првото коло на Бизнис лигата, вицешампионот UNIQA ја потврди фаворитската улога против МЕПСО, а победи славеа и екипите на Глобко Логистик и Гранит.

Човекот со силни нозе

Изреката „има бут ко Роберто Карлос" повеќе не важи. Запознајте го германскиот велосипедист Роберт Ферстеман и неговите „Карлос*2" бутови.

Стартуваше Бизнис лигата

Со три натпревари од првото коло, стартуваше четвртата сезона од Бизнис лигата.

Ни на исток ништо ново

Формула 1 шампионатот веќе стана многу здодевен. На 15-та трка оваа сезона на патеката Сузука во Јапонија, актуелниот шампион Себастијан Фетел ја извојува 9-та победа.

Кам бекот на Ленокс Луис чини 100 милиони долари

Поранешниот светски шампион во бокс и на постари години би се вратил во рингот, но има две барања, 100 милиони плус Кличко.

Хокеј магија

Новата сезона во НХЛ започна минатата недела, а веќе го имаме кандидатот за гол на годината. Тој е дело на 19-годишниот чешки хокеар Томаш Хертл од Сан Хозе Шаркс кој на натпреварот против Њујорк Ренџерс постигна четири гола.

Започнува новата сезона во Бизнис Лигата

По четврти пат започнува најелитното натпреварување во мал фудбал - Бизнис Лига на Македонија.

Доста ми беше ќотек

Бразилски ММА борец сред борба реши да избега од рингот за да избегне уште ќотек. Не го обвинуваме. По толку ќотек ние одамна ќе бевме избегани.

Ред Бул доминира во Формула 1 со помош на супербрз интернет

За успехот на Ред Бул во Формула 1 не се заслужни само возачите и механичарите, туку и тим на инжинери одалечен на илјадници километри кој анализира стотици гигабајти на информации за време на трката.

Париз домаќин на Геј игрите

Градот Париз ги доби правата за организација на спортските игри на хомосексуалците во 2018-та година.

Трансформација на стадион

Вработените на „Оукленд колосеум“ имаа тешка задача да трамсформираат цел стадион од бејзбол во рагби стадион за само 20 часа. Еве како тоа изгледа во две минути.

Болидот “пируета“ повреди 13 луѓе

На Инди Кар во Хјустон викендов беше опасно во живот. И покрај заштитната ограда, четирикратниот првак Дарио Франкити се судри со друг болит, леташе во воздух и повреди дури 13 гледачи. Шкотскиот возач го скрши зглобот има потрес на мозокот и се здоби со неколку повреди на р`бетот.

Моментите кои го одбележаа НРЛ финалето

Викендов се одржа завршницата од Националната Рагби Лига на Австралија, а финалниот натпревар ќе остане запаметен по два моменти.

Надал се искачи на врвот

И покрај вчерашниот пораз од Новак Ѓоковиќ на финалниот Мастерс меч во Пекинг, најдобриот шпански тенисер се најде на првата позиција на најновата АТП листа.

Македонците најуспешни на ултрамаратонот

Претставници од Македонија освоија неколку награди и рушеа рекорди на ултрамаратонот кој викендов се одржа во Белград.

Фетел ја освои Кореја

Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел триумфираше и на патеката во Јеонгам и на пет трки до крајот го зголеми водството пред Алонсо на 77 поени.

Аргентински футсал трик

Членовите на аргентинскиот футсал клуб „17 Август" се новите ѕвезди на интернет благодарение на голот кој го постигнаа со нивната „збуни го противникот" финта.

Рекорден награден фонд во Австралија

Организаторите на Гренд слем турнирот во Австралија го зголемија наградниот фонд на рекордни 31 милиони долари и очекуваат најдобрите 100 тенисери и тенисерки да настапат на турнирот во 2014-та година.

Надал заработува најмногу

Шпанецот Рафаел Надал е на врвот на листата според парите заработени од тениските турнири оваа година.

Него му е сеедно

Рагби екипата на Вашингтон Стејт беше демолирана на домашен терен од Стенфорд со 17:55 и скоро сите гледачи долго пред крајот го имаа напуштено стадионот, освен овој пијан господин кој си уживаше на трибината и денес стана херој на интернет.

Со лажен пенис на допинг тест

Некои спортисти ќе сторат се за да не паднат на допинг тест. Италијанскиот атлетичар Девис Личарди бил фатен при обид за измама со лажен пенис на допинг тест по трка на 10 километри.

Боксерот и неговиот прекар „Пари“

Тој е најскапиот спортист во САД кој неодамна на последната борба заработи 41,5 милиони долари. Во кладилница на еден тикет става по милион долари, а фото галериите на неговите профили на социјалните мрежи постојано ги полни со кеш.