Разно

Фетел доминантен и во Сингапур

Актуелниот првак во Формула 1 шампионатот, Германецот Себастијан Фетел е се поблиску до нова титула откако триумфираше и на ноќната трка во Сингапур.

Ај пак

За овој спорт мислевме дека ги бива само Јапонците, ама сме ги потцениле Американците. На УС Сумо Опен 2013 го добивме моментот за рипит минимум 2-3 пати.

Навивачите на Сиетл погласни од Турците

Навивачите на Галатасарај повеќе не се најгласни навивачи на светот. Светскиот рекорд за бучава на стадион го срушија навивачите на американскиот НФЛ тим Сиетл Сихокс и тоа два пати за време на еден натпревар.

Жено така не се навива на тенис

Општо познато е дека кога се оди на тенис се седи мирно, се прати топчето и најчето се користи аплаузот. Оваа некултурна госпоѓа која следела меч на тукушто завршениот турнир УС опен во Њујорк не е запознаена со правилата, па почна да и фаќа сеир публиката, а работа му се отвори и на обезбедувањето.

Лас Вегас се подготвува за најголемиот боксерски настан

Ракавиците ќе ги вкрстат двајцата боксерски ѕвезди познати под прекарите „Пари" и „Златното момче". Според Форбс борбата можно е да биде најпрофитабилна во историја, а ќе сруши неколку рекорди и се очекува да донесе приход од околу 200 милиони долари.

Рагбистите кои напаѓаат на незгодни места

Рагби ѕвездата од Австралија, Ентони Вотс кој е познат како доста немирен спортист ќе паузира долго време поради ќотекот кој му го удри на еден од противничките играчи.

Вакви преноси сакаме!

Ни требаат само уште спортисти кои ќе не израдуваат и малку „поживи“ коментатори како босанските. Да не знаеш дали е полуд фудбалскиот или кошаркарскиот коментатор.

Фејсбук го потврдува фудбалот како најпопуларен спорт во светот

Љубителите на спортот и интернетот будно ги следат сите потези на своите идоли на социјалните мрежи каде се и сешто може да дознаат или да видат со нив. Токму тој број на фанови кои го имаат на Фејсбук, покажува кој ја има најголемата слава.

Маратонскиот поен на Надал и Ѓоковиќ

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ одиграа уште една тениска класика на финалето на УС Опен, а најинтересниот момент од мечот се случи во вториот сет кога Новак направи брејк со поен по разменети 54 удари.

Надал преку Ѓоковиќ до титулата во САД

Шпанецот Рафаел Надал ја освои својата 13. Гренд слем титула откако во финалето на УС Опен го надигра Новак Ѓоковиќ 3:1 во сетови (6:2, 3:6, 6:4, 6:1) за три часа и 20 минути игра.

Шампионот убедлив и на Монца

Актуелниот првак во Формула 1 шампионатот, Германецот Себастијан Фетел триумфираше на трката за Големата на награда на Италија во Монца и ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Боксерот со прекар „Пари“ има само една сметка од 123 милиони долари

Во Македонија за да дознаете колку заработува еден спортист треба да ви е брат или другар, а Флојд Мејведер Јуниор нема проблем со тоа и целиот кеш јавно го споделува со светот, па дури и кажува каде го чува.

Мареј елиминиран од „лозарот“

Ланскиот шампион на УС опен во Њујорк, Енди Мареј синоќа беше изненаден и декласиран од Станислав Вавринка во четвртфиналната пресметка на годинашниот турнир. Швајцарскиот тенисер кој е рангиран во топ 10 листата и кој до сега од турнирите заработи над 7 милиони долари, редно време е да си купи некој поасален терен и да ја напушти својата тренинг база во лозјата.

Олимпискиот парк во Рио 2016

Компанијата AECOM го претстави проектот за изградба на Олимпискиот парк за Олимпијадата која ќе се одржи во Рио де Жанеиро во 2016. година. На површина од 1.200 квадратни километри ќе бидат сместени 15 спортски центри, а дел од проектот е и изградба на 7 нови арени.

Во стилот на Денис Родман

Со овој пожртвувачки скок кој на крајот се покажа како успешен, бејзбол јунакот Џош Доналдсон не потсети на будалиот Денис Родман кој леташе во публиката само за да го зграпчи баскетот во раце.

Серена ги победи Федерер и Надал

Во стилот „Слога тепа Вардар, Вардар тепа Звезда, Слога светски шампион", Серена Вилијамс ги има победено сите машки и женси тениски легенди во последните години затоа што како деца го победила Енди Родик.

Молњата во пензија по Рио 2016

Најбрзиот човек на планетата најави дека ќе и стави крај на кариерата по завршувањето на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро.

Инди Кар возач собра двајца механичари

Скот Диксон прв помина низ целта на Инди Кар трката во Калифорнија, но официјалните лица му ја одземаа победата по казната која ја заработи заради инцидентот во пит-стопот кога повреди двајца механичари.

Кој го угасна светлото?

Несреќниот рагбист од американска средношколска лига заврши покосен на теренот откако не знаеше каде тера затоа што му ја свртеа заштитната кацига.

Тачдаун со финта од детски филм

Сигурно се сеќавате на еден од најдобрите детски филмови со спортска тематика „Мали џинови" и финтата која го одбележа крајот на филмот. Истата финта беше употребена и на вистински натпревар.

Девојката на Ѓоковиќ

Јелена Ристиќ, девојката на Новак Ѓоковиќ е најстрастен тениски фан. На секој натпревар ќе ја забележите на трибините како навива, плаче, се нервира, вика или се смее.

Подводен хокеј

И тоа чудо го има. Хокеј под вода. Исто како и во нормалниот хокеј, се бутка пак кон гол, но наместо лизгалки се носат пераи и натпреварувачите мора да го задржат здивот долго време. Спортов постои уште од 50-те години, а досега се одржани дури 18 Светски првенства.

Најинтересните навики на момчето кое сака да се забавува

Новак Ѓоковиќ не е ладно типче како Федерер ниту серозно како Надал. Покрај неговите успеси со кои го достигна врвот, тој за разлика од неговите колеги често пати наоѓа време и за многу шеги што го прави посебен и харизматичен тенисер.

Рагбист суспендиран на едно полувреме

Најдобриот играч од американската колеџ лига ја заработи најчудната суспензија. Тој ќе паузира само едно полувреме.