 
                            За посебниот начин на исхрана на Ѓоковиќ кој рече дека претставувал вистински рецепт за неговите најголеми успеси многу се пишуваше, исто како и за неговото хоби да игра фудбал, но еве го вистинскиот Ноле со неговите најинтересни навики според „businessinsider“.
Тој пие само млака вода и вели дека ладната вода ја попречува циркулацијата на крвта.

Секогаш ја јаде тревата на турнирот Вимблдон, затоа што имала сладок вкус.

Покрај од неговата девојка тој е неразделив и од белата пудлица Пјер. Кога не може да ја доведе со него е многу вознемирен.

Често пати зборува за време на натпреварите, а кога не му оди камерите го ловат како пцуе.

При сервис има навика повеќе пати да ја тапка топката, а во 2008 година еден од неговите противници му го сврте грбот пред да сервира.

Има навика да се преправа дека е повреден кога губи на големи натпревари.
 
 
Понекогаш знае и да ги трола противниците како што тоа му го стори на Енди Родик откако го порази на УС Опен во Њујорк во 2008 година.
Пред 3 години тотално го смени начинот на исхрана и откако престана да го конзумира глутенот, стана најдобар тенисер во светот.

Ѓоковиќ умее да ги имитира своите колеги, а тоа до сега им го стори на Рафаел Надал и Серена Вилијамс.
За време на паузите секогаш јаде банани.

Како дел од неговиот комичен репертоар е танцувањето во сите форми.

Се појавија гласини дека ја купил целата залиха на магарешко сирење кое се произведува само во неговата земја, но тоа сепак не било вистина.

 
 
 
