Надал преку Ѓоковиќ до титулата во САД

Шпанецот Рафаел Надал ја освои својата 13. Гренд слем титула откако во финалето на УС Опен го надигра Новак Ѓоковиќ 3:1 во сетови (6:2, 3:6, 6:4, 6:1) за три часа и 20 минути игра.

Надал успеа да ги искористи грешките на Ѓоковиќ и по втор пат триумфираше на Гренд слем турнирот во САД.

Со оваа победа Шпанецот стигна до 12 титули по 13 финалиња оваа сезона, а од враќањето на терените по повредата на коленото тој победи на 60 од 63 натпревари.

Решавачки за победата беа 53 неизнудени грешки на Ѓоковиќ наспроти 20 на Надал. Од средината на третиот сет Надал почна да игра се подобро и доминираше до крајот на мечот.

10 септември 2013 - 08:33