При крајот на филмот „Мали џинови", соочени со многу посилен противник, екипата изведе трик со лажно додавање на топката. Дебелкото успеа да ги измами противниците и трикот во филмот успеа.
Но финтата успеа и на вистински натпревар по 19 години од снимањето на филмот. На натпреварот помеѓу Виланова и Бостон на стартот од новата сезона во колеџ лигата, играчот на Виланова успеа да ги измами дури и камерманите и на крајот постигна тачдаун.