Откако нивниот клуб направи историски успех на 52. издание на мега-популарниот Супербол, навивачите на Филаделфија Иглс се натпреваруваа кој ќе направи поголема глупост и го демолираа цел град. Буквално демолираа.
Откако внуката на еден навивач на Минесота се пофалила со својот најсакан дедо кој и на 99 години ја бодри екипата, се огласил внукот на еден навивач кој чука пред вратата на стотката ама ја дочека сензационалната титула на Филаделфија Иглс.
Дури 98 натпреварувања во 7 спортови ќе се одржат на ЗОИ во Пјонгчанг. Нам ќе ни биде привлечна една дебитантска селекција која за првпат ќе се појави на снег - Нигерија во боб.
Норвешкиот Олимписки тим којшто пристигнал во Пјонгчанг на Зимската Олимпијада не можел да поверува што се случува кога на нивните готвачи поради грешка во преводот им стигнале 15.000 наместо 1.500 јајца. Снабдувачите и готвачите на тимот се изненадиле кога домаќините им истовариле цел шлепер јајца: „Немаше крај на доставата“, вели шефот на Нордискиот тим.
Еден натпревар по тенис знае да трае по два, три, четири па и повеќе часови, а кога човек ќе го фати зорт не е убаво да стиска. На дуелот меѓу Италија и Јапонија на Дејвис Купот, Фабио Фоњини едноставно не издржа.
За време на мечот Војводина - Црвена звезда од втората регионална лига во ватерполо, при резултат 7-7, по една судиска одлука, еден од гледачите го фрли во вода судијата Марко Матијевиќ од Загреб. Мечот беше прекинат и не се доигра а напаѓачот беше приведен од полиција.
Една од препознатливите традиции на Формула 1 се и моделите кои ги разубавуваат трките. Управата на Ф1 крена бело знаме во борбата со феминистките и ја прекина децениската пракса девојки да стојат на патеката покрај болидите.
Навивачката група Делии Север побара да им се одземе титулата на Звезда од Купот на европски шампиони од 1991-ва година, бидејќи подоцна е утврдено дека во составот на тимот не биле сите фудбалери од српска националност.
Kyrie 4 е спој на минималистички дизајн и врвни перформанси преточени во совршената патика за кошарка која ќе ја унапреди Вашата игра и ќе им даде на знаење на Вашите противници кој ја води играта.
Се потрошија еден тон придавки за човекот кој го сметаат за еден од најголемите спортисти во историјата, па еден вели вака: Има една планета која се вика Роџер и на која живее само тој.
Спортската јавност и натаму се интересира за тенисерот кој се вика, верувале или не, Тенис Сандгрен и доаѓа од САД. Во Европа и не е нешто познат, ама во Америка околу него се водат жестоки дебати меѓу левицата и крајната десница.
Во Јужна Кореа двегодишно служење воен рок не можеш да избегнеш па да си син на претседателот лично. Но едно талентирано дете кое имало проблеми со видот и кое го здрма тенискиот свет служело само четири недели. Кој е тој Хен Чон?
ММА борецот Стипе Миочиќ е главен херој на минатиот викенд. На UFC 220 Хрватот ја одбрани титулата светски шампион против страшниот нокаутер Франсис Нгану и стана првиот во 20 години кој три пати го одбранил шампионскиот појас во UFC.
Во четвртокот и петокот температурата во Мелбурн отишла и на +40 степени. Многу учесници на Australian Open се незадоволни што треба да играат по такви пеколни горештини.
Двете Кореи се сретнаа по трет пат во десет дена за да го дискутираат учеството на Северна Кореа на Зимските Олимписки Игри кои следниот месец ќе се одржат во Јужна Кореа.
Договорот за партнерство меѓу овие два успешни тима дојде многу природно - Македонски Телеком ја има најдобрата и најсигурна мрежа во земјава, додека ракометот е најуспешниот спорт во Македонија, во континуитет, години наназад.
Покрај сите награди, одличја, трофеи и достигнувања, Федерер одвои време да му се заблагодари на човекот кој цели три месеци ги склопувал неговите најдобри потези во кариерата во едно видео.
Минатата година беше полна со спортски настани а некои од необичните спортови влегоа во најтесен избор за фотографија на годината сликана на нивните натпревари.
На тој коментар од човекот познат по она легендарното „Шутирај од таму колку сакаш“ му го најдовме најадекватното можно видео кое постои. Тој коментар и овој “голш“ нема никогаш да се повторат и би било идеално да се спојат на монтажа.