Федерер демонстрира нешто натприродно, мистично, ама спортско

Се потрошија еден тон придавки за човекот кој го сметаат за еден од најголемите спортисти во историјата, па еден вели вака: Има една планета која се вика Роџер и на која живее само тој.

Освоен шести Австралија Опен, 20-ти Гренд слем во кариера, трет на последните четири одиграни. Тоа се врвни и легендарни бројки.
 
Но тоа што најмногу импресионира не се толку бројките и трофеите кои се сепак стратосферски.
 
Она што е најимпресивно е тоа што Роџер го пренесува, тоа што го остава на оние кои му се восхитуваат.
 
Секој пат се чини како да танцува на бетонот со рекетот во рака. Всушност треба да го отстраниме тоа “се чини“.
 
Неговото е нешто поетско, волшебен танц на кој никој не останува рамнодушен.
 
Секој се возбудува кога го гледа. Дури и оние кои не се разбираат многу во тенис се импресионирани од неговите игри, од неговите движења и од неговото однесување.
 
Е ова е господа мои демонстрацијата на нешто натприродно, нешто мистично, ама спортско.
 
Роџер е мит и божество.
 
Сите на нозе за кралот Роџер, легенда која нема никогаш да заврши.
 
30 јануари 2018 - 11:53