Шведска со рекордно петто злато се врати дома од Европското првенство 2022. Швеѓаните одиграа храбар, борбер ракомет и ги урнаа Норвешка, Франција и Шпанија во завршницата. Најзаслужен за златото беше неверојатниот голман Андреас Паличка кој бранеше чудесно. На враќање од Будимпешта пред новинарските екипи зборуваше и синот на Паличка, Астон, кој вели дека татко му е втор најдобар голман на светот. Прв бил Данецот Ландин.