Откако во првото полуфинале Шпанија ја потопи фаворизираната Данска со 29:25 (13:14), подоцна вечерва Шведска со маестрална партија го урна вториот голем фаворит, олимпискиот шампион Франција 34:33 (17:14).
И покрај сите проблеми и препреки, во Унгарија и Словачка гледаме убав и атрактивен ракомет. Има јаки изненадувања, а и по некоја фина приказна меѓу младите момци кои им пркосат на старите волци на оваа игра.
Има што да се види на ова Европско првенство, ама ептен. Мајсторииве се толку јаки, што како и да ги наредиле во топ листата, немале да погрешат. Изборот е феноменален, а ова е компилација која се гледа повеќе од еднаш.
Исланд, заедно со Црна Гора се најпријатното изненадување на Европското првенство во ракомет. „Рибарите“ направија големо чудо откако ја згромија Франција со дури +8 гола разлика. Но на крајот не стигнаа до полуфинале и за тоа ја криват Данска.
Олимпискиот првак Франција беше пред тешка задача. На последниот дуел од групната фаза играше против неверојатната Данска. Им требаше само бод за пласман во полуфинале, но во текот на целиот меч губеа со најмалку 4-5 гола разлика.
И покрај тоа што беше натпревар само за престиж и подобар пласман, Хрватска и Холандија одиграа возбудлив и неизвесен натпревар на ЕП. Хрватите ја имаа победата во раце, ама тоа задоволство им го скрати итриот Лук Стеинс ги извади од патики Хрватите и постигна мајсторски гол за конечни 28:28. Хрватска завршува како осма на ова Европско, а Холандија 10-та.
Една од мега битките кои не беа за пропуштање на овој шампион е дефинитивно скандинавското дерби меѓу Шведска и Норвешка. Во ракометот и да си фаворит со комонта предност на крајот, можеш да добиеш неочекуван шамар. Што ти е менталитет.
Европското првенство во Словачка и Унгарија нуди супер интересни дуели, посебно во финишот од втората групната фаза, а епитетот „драма“ го имаше и на средбата меѓу Полска и Шпанија.
Во ек на Европско првенство, ЕХФ објави краток документарец за двете ракометни икони, репрезенти на двете ракометни нации, Хрватска и Франција. Какви само битки водеа овие двајца волци. Заедно тежат 12 златни медали.
Селекторот на Македонија и еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Кире Лазаров смета дека континенталниот шампионат во Унгарија и Словачка организиран од ЕХФ не е регуларен. Цело Европско го следат циркузи.
Селекциите на Полска и Русија приредија финиш каков што немаше до сега на ова Европско првенство. На 3 секунди до крај Пољаците постигнаа гол за победа. Русите тргнаа од центар и успеаа да израмнат, ама со помош на судијките.
После сите проблеми кои ги имаат со коронавирусот и не можеа да најдат кој да брани против Црна Гора, Холанѓаните успеаа да стигна до голема победа. Сторијата за голманот им е уникатна. Од работа го станаа.
Селекцијата на Црна Гора е најголемата сензација во досегашниот дел од Европското првенство. Ние ги пишавме предвреме бодовите против нив, а тие го потепаа цел Балкан. Прво Македонија, па Словенија и сега најново во втората групна фаза и Хрватска и тоа со 6 гола разлика. Им летаа пред гол.
Ракометарите на Германија беа толку покосени од коронавирусот што селекторот на репрезентацијата едвај скрпи тим кој ќе излезе на мегдан со силната Шпанија. Германците и натаму имаат шанси да влезат во самата завршница на Европското, а еден момент од мечот со Шпанија кој го изгубија 23-29 покажа дека не се баш најсреќни ни со опремата.
Една година Европско, па следната Светско. Секој јануари е турбо за македонската ракометна репрезентација, која овој пат треба многу повеќе да се испоти за да се најде во друштво на светскиот ракометен крем. Патот до наредниот Мундијалот ќе биде тежок како никогаш до сега.
Го нема на Википедија, ама брзо ќе дојде. Па самото дете е брзо, а се надеваме дека и брзо ќе се развива. Слабо и фотки, ама ископавме нешто од Фејсбук, како се слика со своите идоли, а и една од школо. Што трчање и труд даде против Данците. Браво.
Реал Мадрид дојде до 12-та титула во Суперкупот на Шпанија откако во финалето во Саудиска Арабија, беше подобар од Атлетик Билбао со 2:0. Лука не старее.
Марко Ласица од таборот на црногорската репрезентација се избрука јавно за сите пари со срамен гест кој не паметиме дека сме виделе до сега да го направи некој друг спортист. Имаше видео на кое се објаснуваа црногорските ракометари со македонските навивачи, а сега стана многу појасно зошто нашиве беа толку револтирани. Дојде и ги плукна, како најголем сељак.
Македонските ракометари се свесни и бајаги самокритични за бледата партија против селекцијата која се очекуваше дека ќе ја добијат. Самите ја нарекоа срамна.
Од авион, синоќа право во хотел на вечера со ракометарите, а денеска на натпревар. Колку само вреди овој човек, кој на 36 години брани во животна форма и за Порто во Лига на шампиони и за Македонија. Најсветлата точка во нашиот табор на мечот против Црна Гора. ЕХФ ќе ви покаже зошто.
Македонската ракометна репрезентација го бележи вториот пораз на ЕП 2022. И покрај тоа што мислевме дека сме поквалитетни, нашите ракометарите не ја докажаа фаворитската улога, а тоа Црна Гора сурово го казни на чело со одличниот Симиќ кој нè отпиша со фантастични 12 интервенции.
Никола Митревски пристигна во Дебрецин по неколкуте негативни тестови и најверојатно ќе му биде на располагање на селекторот Кире Лазаров за утрешниот дуел против Црна Гора. Го пречекаа во топ атмосфера, со аплаузи и овации.
И покрај поразот од силната Словенија на стартот на Европското првенство, Македонија доби неколку играчи пред кои стои блескава иднина во репрезентативниот дрес. Еден од нив со сигурност е ракометарот на Еурофарм Пелистер 2.