Ракомет

Кузмановски со цепелин го замолкна Берлин на 5 секунди до крај

Во пресрет на бараж двомечот со Чешка (13 и 17 април), радува формата на Филип Кузмановски кој со 7 гола од 8 обиди, беше еден од најдобрите ракометарите на Хановер викендов. Фитиљ со атрактивен гол во последниот напад му донесе голем на својот тим на гостувањето против Фуксе Берлин.

Младиот Вардарец Васил Гогов со одбрана на колото во Лига на шампиони

Дваесет и едногодишниот Струмичанец Васил Гогов е на листата на 5 најдобри одбрани во последниот круг натпревари во Лига на шампиони. Во отуство на Борко Ристовски, Гогов и Томовски одлично бранеа и се најзаслужни што Вардарци колку-толку го обелија образот во Унгарија и ремизираа 33-33 со Везпрем.

Пресврт во случајот со ракометарот на Бутел

27 годишниот хрватски ракометар Денис Тот е во критична состојба и се бори за живот, но според најновите информации веројатно не станува збор за тепачка.

Вардар со пристојно реми се збогуваше со Лига на шампиони, сите мисли на домашен фронт

Македонскиот шампион Вардар речиси да немаше ниту теоретски шанси да надомести огромни -8 негатива од првиот меч во Скопје, но кај Веспрем на гости одигра одличен натпревар како увертира за она што го чека до крајот на сезоната.

Најбезобразниот гол на Европското ракометно првенство 2022

ЕХФ ЕУРО на Твитер потсетува како Литванците се снајдоа против Норвешка кога беа во ситуација под пасивен напад. Имаа можност за едно додавање, ама не го искористија. Аиденас Маласинскас ќе ви покаже во што е штосот.

Тимур Дибиров објави дека заминува од Вардар

Клупска легенда, симбол на сите успеси на Вардар на домашна и меѓународна сцена, миленик на црвено-црната армија. Рускиот репрезентативец Тимур Магомедович Дибиров ненадејно во гостување во емисијата „Само ракомет“ објави дека најверојатно го одиграл последниот меч во Лига на шампиони во Скопје.

Талески шоу во стилот на Лазаров

По мечот на кариерата за Македонија пред две недели против Романија на која и плесна 10 гола, Филип Талески се покажа во одлично светло и на клупски план. Заедно со Дибиров беше прв стрелец против Веспрем со 6 гола и по само 5 минути игра повторно ископира финта на Кире Лазаров.

Дебакл на Вардар во Јане Сандански

По поразот од Еурофарм Пелистер во Суперлигата, ракометарите на Вардар повторно загубија пред своја публика, овој пат од Веспрем во осминафиналето на ЛШ.

Македонија повторно налета на Португалија, ама овој пат ракометарите

Македонската ракометна репрезентација ги дозна противниците во квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024 кое ќе се игра во Германија.

Супер голови на новата надеж на македонскиот ракомет - Павле Атанасијевиќ

Селекторот и играч Кире Лазаров врши одлична работа со постепена смена на генерацијата. Неколку млади, перспективни ракометари веќе ја почуствуваа дражта на Светско и Европско првенство, а некои сега добија шанса да се докажат. Дебитантот од првиот меч Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2 постигна два убави гола на натпреварот со Романија.

Македонија ја мина првата пречка, сега со Чешка за пласман на Светско

Македонската репрезентација вечерва во Букурешт имаше луксуз да си дозволи пораз 24-22, па со оглед на убедливиот триумф од Скопје 30-22 на првиот меч, одиме на мегдан со силната Чешка за карта за Мундијал.

Шоуто на Талески против Романија

После сите критики и плукања, Филип Талески одигра натпревар за паметење, можеби најдобар во дресот на македонската репрезентација. Беше екстра мотивиран, ослободен од стеги и полн со самодоверба, а Романците немаа лек за неговите проектили. Едноставно ги растури, а од трибините во еден момент се скандираше неговото име.

Кај што игра Македонија, таму е и Мрме

Не промаши утакмица на македонската фудбалска репрезентација откако го сменија, а еве го вечерва и дава поддршка и на ракометната. Вода не го оставија да се напие на полувреме, човекот кој за прв пат ги однесе фудбалерите на Европско.

Македонија ја декласираше Романија, блесок на Талески со 10 гола

Македонската ракометна репрезентација обезбеди убава предност од +8 во првиот бараж меч за СП против Романија со која за само два дена игра реванш на гости. Мотивираниот Филип Талески експлодираше во напад.

Не му ги броите годините на Кире, дај му ја и имаш атракција

Ракометарите на Нант загубија на гостувањето против Бенфика со 31:30 во меч од Лига Европа, а најубавиот гол на колото е дело на македонскиот феномен кој скока и реализира цепелини, без разлика што за два месеци полни 42.

Решавачки гол од слободен удар во Бундеслигата преку 12 раце

Слободните удари во ракометот обично важат за проформа обиди кои преретко завршуваат во гол. Едноставно нема каде да ја протнеш топката, а ако се прашува хрватскиот репрезентативец Шиме Ивиќ, тогаш имаш. На 24:24 од 12 метри над шест блока, за голема победа на Лајпциг над фаворитот Флензбург.

Вардарци го дознаа ривалот во осминафинале

Откако ЕХФ потврди дека Вардар службено го добива натпреварот против белоруски Мешков Брест со 10-0 затоа што сите меѓународни спортски федерации решија да ги исфрлат руските и белоруските клубови од турнирите, „црвено-црните“ како 5-ти во својата група веќе го знаат ривалот.

Нова блескава партија на Митревски кој го спаси Порто од пораз во последните секунди

Рефлексот на битолчанецот на 36 години во Лига на шампиони е извонреден, а тоа го докажа на еден куп партии во кои се истакна како клучен играч. Браво мајсторе.

ЕХФ ги суспендира руските и белоруските екипи, Вардар доби службена победа во ЛШ

Европската ракометна федерација ги суспендираше руските и белоруските екипи од сите натпреварувања кои се под нивна капа. И машки и женски. Истото важи и за репрезентациите.

Респект за македонскиот на Дејвис

Откако пред пет години си замина од Скопје и работеше во Русија, Египет и Унгарија, Давид Дејвис направи кам бек во Вардар, овој пат како главен тренер. Роден е во Шпанија, има потекло од Екваторска Гвинеја, ама цепа на македонски.

Извонредните интервенции на Томовски против Монпеље

РК Вардар прекина ужасна серија во Лига на шампиони од седум порази по ред, а еден од најзаслужните за големата гостинска победа против лидерот на табелата е Мартин Томовски кој блесна со 13 одбрани. 24 годишниот Томовски станува сè поголема сигурност на голот на црвено црните, но и во дресот на Македонија.

Во Македонија да не смее човек црвен картон да додели

Борец против КЛ7 Свети Николе, натпревар од кадетска лига, според снимкава обезбедуван од само еден полицаец. Тренерот на гостите Мики Панев е многу напнат. Го пцуеше судијата, доби црвен за тоа, па пак го пцуеше и на крај 2% не го рецкаше полицаецот на трибина и си збореше на мобилен. Мечот заврши во 36-та минута.

Каква легенда е Данецот Лидндберг, даде 10 гола, па застани да брани зицери

40-годишниот Ханс Линдберг е жива легенда на данскиот и воопшто европскиот ракомет. Линдберг со својата репрезентација освои злато на Европските првенства 2008 и 2012, а сега веќе неколку години игра за германски Фухсе Берлин.