Актуелната македонска репрезентација ги совлада ветераните со 25:21 во ревијален меч со цепелини и атрактивни потези кои можеа да се забележат на двата гола. Се играше скратено два пати по 20 минути.
Ракометната федерација на Македонија им оддаде чест на легендите кои од 2009-та на секои две години ја носеа репрезентацијата на големите натпреварувања.
Од ракометарите кои оставија силен белег за македонската репрезентација во изминативе 20 години беа присутни:
Митко Стоилов, Столе Стоилов, Горан Кузманоски, Бранко Ангеловски, Стевче Алушовски, Влатко Митков, Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, Велко Маркоски, Златко Мојсоски, Борко Ристовски, Александар Јовиќ, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Филип Лазаров, Златко Даскалоски, Гоце Макалоски, Горан Ѓоргоноски, Раде Стојановиќ, Кире Лазаров, Владо Недановски.
Од клупа ги водеа Илија Темелковски и Ѕвонко Шундовски, селектори под чие водство Македонија ги направи најголемите успеси. Со Темелковски 11-то место на Мундијалот во Хрватска 2009, а со Шундовски историското петто место на ЕП 2012.
Инаку Кире Лазаров во првото полувреме настапи заедно со тимот на ветераните, а во второто се врати на селекторската позиција на актуелната репрезентација.
Судии на мечот беа Марјан и Драган Начевски во првиот дел и Лела Јашар и Михаела Капсарева во вториот, а делегати Марјан Огњановски и Гордана Нацева.
За МВП на мечот беше прогласен легендарниот пикер Ванчо Димовски.
Спектакуларна најава за ветераните, овации за Кире, Столе, Диви...