Додека хулиганите живеат во некој свој глупав филм, на спортските терени приказната е поинаква. Барселона синоќа во ултра интересно финале на шпанскиот кошаркарски Куп го совлада Реал Мадрид. Додека славеа на паркетот, тренерот Светислав Пешиќ и Анте Томиќ си честитаа а Хрватот во шега праша: „Три пати“?
Секоја чест на сите победници на натпреварите во забивање во поновото време на НБА, ама ние сме носталгични по оние златни времиња од 90-те, што да правиме? Мајкл Џордан е поим за кошарка за век векова. Дагаууууу. Инаку вчера наполни 56.
Третата последна вечер од Ол-Стар викендот одигран во Шарлот, на најголемиот настан, тимот на Леброн го победи тимот на Јанис со 178:164 (53:37, 42:45, 36:50, 33:46)
Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Хамиду Диало е победник во натпреварувањето во забивање на Ол-Стар викендот. Прво заби преку соиграчот Расел Вестбрук, а потоа скокна преку Шекил и ја крена салата на нозе.
Перо наш има еден искусен лажњак кој им го продаде во НБА додека играше за Атланта Хокс. Американците му го памтат и четири години подоцна го споредија со овој на Џоел Ембид од Филаделфија. Стварно се исти.
Кошаркарот на Кливленд беше хит на вчерашниот Ол стар натпревар на кој се појави во патики со знамиња од две земји, родната Македонија, како и Турција за која настапува. Браво мајсторе.
Кошаркарскиот клуб Гостивар бара одложување на Купот на Македонија закажан за викендов во нивниот град поради загуба на свој член кој е една од жртвите во вчерашната автобуска несреќа.
Скоро и никој да не се сеќава кога последен пат се судриле двата најголеми грчки спортски колективи, а да не се случило срање. Во полуфиналето од Купот, во ОАКА Арената каде домаќин е Панатинаикос, гостите излегоа од теренот и ја напуштија салата револтирани од судењето.
Пред шест месеци, кошаркарскиот клуб Сплит организирал наградна игра - 1.000 ќебапи и 100 литри пиво за погоден кош од едниот на другиот крај на теренот и 500 ќебапи и 50 литри пиво за кош од центар. Како никој не погодил, наградата се зголемувала, па извесен Петар Гавранчиќ станал мајсторот кој дал кош и освоил 1.200 ќебапи и 120 литри пиво.
Цели 15 години по појавувањето на Предраг Стојаковиќ на мечот на сите ѕвезди во НБА, Србија одново ќе има свој претставник. Човекот кој е најзаслужен што Денвер игра неверојатна сезона и е меѓу фаворитите за завршница на Западот - Никола Јокиќ, е избран за All Star мечот на 18 февруари во “Спектрум Центар“ во Шарлот.
Легендарниот македонски кошаркар во заминување добива брзо поставени забавни прашања во 90 секунди. Не можеше да избере една песна на која крши чаша во кафана, арно ама за прашањето од насловот не се двоумеше :).
Со оглед на тоа што на паркетот се рова од 1999-та, беше само прашање на време кога и официјално ќе и соопшти на јавноста. Трикратниот европски првак Перо Антиќ годинава се повлекува од играње кошарка и тоа со спектакуларен проштален натпревар.
На денешен ден, 22 јануари, пред 13 години, ЛА Лејкерс го совлада Торонто со 122-104. На овој меч Коби Брајант постигна 81 поен со 6 скока, 3 украдени топки и 2 асистенции. 55 поени Коби даде во второто полувреме од кои 27 беа во третиот период.
Бобан Марјановиќ е еден од најголемите шегобијци во НБА. Последно што направил е синоќа кога дошол на натпревар против Њу Орлеанс Пеликанс на квадроцикл. Неговите Клиперси изгубија 117-121 а српскиот репрезентативец не влегуваше во игра.
Српскиот репрезентативец игра страшна сезона. Синоќа во триумфот на неговиот Денвер против ЛА Клиперс го оствари петтиот трипл-дабл во сезоната: имаше 18 поени, 14 скока и 10 асистенции. Ама еден потег посебно ја импресионираше цела сала.
Ја имаме Барселона од Камп Ноу од времето на Пеп или ова, како сакате, претворена во НБА тимот на Сакраменто Кингс. Толку ја одолговлекоа, што се подзамисли и коментаторот, ама па атракција во НБА не мора секогаш да содржи цепелин или тројка во последна секунда.
Приказните на српскиот кошаркар и аргентинскиот и француски фудбалер се многу инспиративни. За разлика од многу други, овие тројца никогаш не правеле трагедија од тоа што ги снашло во животот и ги оштетило за век векови. Напротив.
Како вчера да беше кога го избраа на драфтот, а денес веќе 34-годишен и натаму важи за најдобар играч во НБА лигата а со тоа и на светот. „Кралот“ Леброн на 30 декември наполни 34 години.
Синоќа Филаделфија 76’ со 119-113 го победи ЛА Клиперс а еден момент од мечот масовно се споделуваше на социјалните мрежи, иако не станува збор за нешто невидено досега.
Во претходните неколку вечери во НБА се одигра новогодишното коло. Шампионот Голден Стејт играше против Феникс Санс а на едно дете му се остварила новогодишната желба уште првиот ден.
Истанбул не го заборава Перо Антиќ кој замина во Турција за да го гледа мечот од Евролигата меѓу неговиот поранешен клуб и Реал Мадрид. Настапуваше за Фенер од 2015-та до 2017-та и со нив стигна до третата европска титула во кариерата. Ептен го испоштуваа.