Кошарка

Втор меч, втор трипл дабл на Јокиќ кој не знае поинаку

Расел Вестбрук, Меџик Џонсон, Џери Лукас и Оскар Робертсон успеале да отворат сезона со трипл дабл на првите два меча. Сега во нивно друштво е и Никола Јокиќ, кој историјата ја запиша со 14 поени, 14 скока и 15 асистенции на мечот против Феникс кој Нагетски го добија со 133-111. 166-ти трипл дабл во кариерата, од кои 69 му се пред да почне последна четвртина.

Потег за на Ол стар: Цепелин со пируета на Гордон и Јокиќ

Денвер славеше убедливо против Феникс со 133:111. Арон Гордон сака да ви покаже нешто, на асистенција на Јокиќ.

Историски старт на Дончиќ со 93 поени, 23 скока и 17 асистенции на два меча

Лука Дончиќ стана првиот играч во НБА историјата кој ја отворил сезоната со два натпревари по ред од 40+ поени, 10+ скока и 5+ асистенции. Влезе во друштво на само четворица кои успеале да постигнат 40+ поени во првите два меча од сезоната. Другите се Ентони Дејвис (2016-17), Мајкл Џордан (1986-87) и Вилт Чемберлен (1961-62; 1962-63).

Дино Раѓа го даде најпрецизниот опис за Шек

Легендарниот хрватски центар кој играше за Бостон (1993-1997), најдиректно и најточно ја опиша најдоминантната кошаркарска фигура, против која никој не го најде лекот во НБА.

Познати НБА тренери и кошаркари уапсени во САД, Чонси Билапс се кладел и местел

Американската федерална служба ФБИ во голема и опширна акција во САД го уапсила познатиот легендарен кошаркар и актуелен тренер на Портланд Трејл Блејзерс Чонси Билапс и кошаркарот на Мајами Тери Розиер за два одвоени предмети за нелегално обложување на разни натпревари. Приведени се 30-ина други лица.

Ненормалниот настап и 10-те тројки на Арон Гордон

Крилниот центар на Денвер Нагетс Арон Гордон постави свој личен рекорд и еден од рекордите на франшизата од Колорадо, откако синоќа против Голден Стејт Вориорс постигна 50 поени! Уфрли 10 тројки од 11 обиди, нешто што ретко се забележува дури и во НБА.

Топ 5 НБА потези на вечерта

Почна НБА, со тоа и најпопуларното кошаркарско шоу кое стандардно ќе биде спакувано во видео со најатрактивни поени, асистенции, банани. Во првото за оваа сезона, главен е Кари.

Дарко направи шоу по првата победа на Торонто Репторс

Четириесет и шест годишниот српски тренер од Чачак (таму е роден и Жељко Обрадовиќ), веќе трета сезона го води Торонто Репторс. Новата сезона во НБА тимот од Канада ја отвори со убедлив триумф 138-118 против Атланта Хокс на гости. Рајаковиќ лудуваше во соблекувална, а играчите вриштеа од смеа.

Блесок на Шеј Гилџус Александер со рекордни 55 поени во кариерата

Силен старт на НБА ѕвездите во првите две ноќи. Уште незагреани растурија. Шенгун 39 поени, Дончиќ 43, Јанис 37, Едвардс 41, Вембанјама 40, Кари 42, Гордон 50. Шеј Гилџус Александер експлодираше со 55 поени против Индијана Пејсерс, за триумф на Оклахома од 141-135, во реприза на финалето од минатата сезона. Ланскиот МВП имаше и 8 скока и 5 асистенции. 90 поени има по првите два меча.

50 поени за Гордон, трипл-дабл за Јокиќ, ама Кари не е нормален

Во неверојатно драматичен натпревар, Голден Стејт Вориорс го одбрани домашниот терен откако го совлада Денвер Нагетс после продолженија 137:131. Арон Гордон имаше личен рекорд со историски настап од 50 поени од кои 10 погодени шута за три поени, Јокиќ доминираше со трипл-дабл но на крајот Стеф Кари пресуди со лудите тројки.

Реал урнат со кош во последни секунди

Несреќниот пораз на Макаби Тел Авив од Олимпијакос во минатото коло кога водеа +15 разлика на неколку минути до крај па изгубија, сега им се врати со победа против Реал Мадрид. Израелскиот тим игра во Белград, а таму во салата „Александар Николиќ“ со тројка на Тамир Блат на неколку секунди пред крај го победија Реал Мадрид 92-91.

Две минутно шоу со незапирливиот Виктор кој експлодираше под кош

Бомбастичен старт во новата НБА сезона на Виктор Вембанјама, кој постигна скоро една третина од поените на Сан Антонио, кој го совлада Далас со 125:92. Французинот блесна со 40 поени, 15 скока и 3 блокади. Уживајте го компилацијата. Ги извитка обрачите.

Џордан на прашањето дали уште е вљубен во кошарката

Мајкл Џордан во емисијата „Инсајт ту Екселенс“ кај водителот Мајк Тирико зборувал за кошарката. Тој е еден од ретките ако не и единствените кој повеќе од 20 години после блескавата кариера се повлече од јавниот живот и направи јасна разлика меѓу бизнисот и приватниот живот.

Фантастичен старт на Шенгун на отворањето на НБА против актуелните шампиони

Стартуваше новата сезона од американското кошаркарско шоу со две средби. Голден Стејт славеше против Лејкерси, а Хјустон ја доби Оклахома во продолженија со 125:124. Кај поразениот тим најпрецизен беше ланскиот МВП Шеј Гилџус Александер кој постигна 35 поени. Man of the match Алперен Шенгун со 39 поени, 11 скока и 7 асистенции.

Лука Дончиќ ја отвори сезоната како Коби Брајант на времето

На стартот на новата сезона во НБА отворија Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс. Лука Дончиќ блескаше со 43 поени (17/27), 12 скока, 9 асистенции, две украдени топки и три изгуени топки. Но тоа не беше доволно за Лејкерс затоа што воините славеа 119:109. Дончиќ стана само прв играч после Коби Брајант уште од 2007-ма година кој ја отворил сезоната со 40+ поени.

Дивац vs Родман, какви дуели беа тоа

Новата НБА сезона стартува вечерва, а натпреварите од регуларниот дел завршуваат на 12 април. Да се потсетиме на нешто старо од златните 90-ти, а тоа се провокациите на неповторливиот Денис Родман, во дуел со легендарниот српски центар. Дивац го носеше дресот на Шарлот во периодот 1996-1998.

Ја видовте ли лудата тројка преку цел терен во Шпанија?

Во најдобрата шпанска лига Ендеса на мечот Андора - Џирона гостите воделе три поени предност на неколку секунди до крајот. Тогаш Рафа Луз ја зема топката и во стилот на Душан Кецман против Цибона од преку цел терен погаѓа кош за продолжение. Во продолженијата Џирона славеше 115:113.

ФИФА објави дека 1 милион карти за Светско веќе се продадени

Како што се ближи Мундијалот, иако има уште неколку месеци, така ќе се зборува сè повеќе за истиот. ФИФА веќе пушти еден отворен таканаречен „прозор“ во кој одреден број среќници можеа да си купат карти иако уште не се знае која репрезентација ќе обезбеди пласман и во која група ќе биде.

Деца во школо му поставуваат прашања на Дражен

На 22 октомври годинава ќе наполнеше 61 година. Но, замина премлад, на само 28 години. Од него ќе останат спомените. Меѓу нив и ова прекрасно видео со основци, снимено во школска сала.

Тројца браќа во иста НБА екипа - првпат во историјата на лигата

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Гркот Јанис Адетокунбо и неговите двајца браќа Алекс и Танасис ќе бидат дел од составот на Милвоки Бакс во новата сезона.

Интересен момент, Јокиќ истрча контра и заби

Денвер Нагетс во четвртиот пред-сезонски натпревар како подготовка за новата сезона, го совлада Чикаго Булс 124:117. Џамал Мареј постигна 30 поени а Никола Јокиќ уфрли 18 поени (7/10 за два со 4/4 од слободни фрлања), 8 скока и 8 асистенции. Имаше и едно интересно забивање по истрчана контра како плејмејкер.

Атмосферата на евролигашкото дерби Црвена звезда - Жалгирис

Црвена звезда го победи лидерот на табелата во Евролига Жалгирис Каунас 88:79 и по триумфот над Фенербахче во Истанбул ја забележа и втората сезонска победа и сега има учинок 2-2. Во драматичен натпревар, најинтересен од стартот на сезонаа во Евролига, навивачите на Звезда во белградска „Арена“ направија супер атмосфера.

Како ли да му ги прочита човек овие пасови?

Денвер Нагетс го доби Лос Анџелес Клиперс во загревањата пред НБА стартот со 102-94. Јокиќ одигра 22 минути и го заврши мечот со 12 поени, 9 скока и 6 асистенции. Пак имаше додавање за посебен клип на социјалните мрежи.

Еден од најјаките поени во историјата на НБА

Сме виделе мал милион атракции под кош и тројки од пола терен или од кош на кош, ама ова е вистинска реткост. Оклахома Сити го совлада Шарлот Хорнетс со 122:116 во предсезонските натпревари. 21 годишниот Кејсон Волас ги збуни сите.